• Latest

ДЗС: Информациите дека апликацијата за попишување е пробиена се неточни

March 2, 2021
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

ДЗС: Информациите дека апликацијата за попишување е пробиена се неточни

March 2, 2021 11:19
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Македонска програмерка објави дека постои слабост во системот за попишување каде со користење на VPN адреса, која е алатка која ја редиректира вашата IP адреса на друго место, откри дека секој кој ќе инсталира VPN адреса која е бесплатна, без никакви ограничувања може да се регистрира и да го пополни прашалникот.

Државниот завод за статистика, по објавата на одредени медиуми дека апликацијата за попишување е пробиена, соопшти дека информациите се неточни и деструктивни.

ЦИВИЛ  го пренесува соопштението на ДЗС во целост:

„Oд Државниот завод за статистика во врска со објавите на некои од медиумите дека наводно Апликацијата е пробиена,  кои се неточни и десктруктивни.

1.Во врска со внесувањето на податоци преку VPN, односно прикриена IP адреса, самото користење на таква алатка за внес на податоци во Пописот се смета за спротивно на Законот за Попис  и  Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот 2021, и може да подлежи на санкции, од причина што претставува лажно претставување и лажно давање податоци.

2. Со самиот внес на податоците на таков начин, не значи дека тие автоматски влегуваат во резултатите од Пописот, напротив, сите податоци внесени преку апликацијата подлежат на проверка и споредување  со претпописната база на податоци, со податоците што ќе се приберат со  попишувањето на терен на целата територија на Република Северна Македонија, а сè со цел утврдување на вистинитоста на податоците.

3. Секој податок за кој ќе се утврди дека е лажен, нема да биде земен предвид при обработката и воедно тоа ќе претставува кршење на правилата на Пописот и е казниво со Закон.

4. До апликацијата може да се пристапи само со IP адреса од странство. Пристапот од Република Северна Македонија е оневозможен, токму поради тоа што Апликацијата е наменета само за државјаните на РСМ кои живеат надвор од РСМ, но секое нарушување на процесот на прибирање податоци е казниво со Законот за Попис, односно:

Согласно член 49 од Законот за Попис на населението, „Тој што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација, ќе се казни со казна затвор од најмалку три години“.

5. При регистрацијата на корисникот и при секој внес на податоците од страна на корисникот,  во апликацијата  автоматски се запишува од која ИП адреса се внесени податоците.

6. Апликацијата за самопопишување е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС).

7. Со пријавувањето на Апликацијата корисникот се регистрира и остава свој ЕМБГ, е-маил адреса, која се верификува со праќање на е-маил за верификација,  и телефонски број на корисникот.

8. Пред да се запишат податоците за регистрација во Апликацијата, корисникот  селектира дека е согласен со Уловите за користење, каде што е наведено следното:

„Се согласувам моите лични податоци кои се прибираат  преку оваа апликација согласно со член 8 од Законот за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.19/2021година) да  бидат обработени од страна на Државниот завод за статистика како контролор на податоците, и дека како агрегирани (збирни податоци ) ќе се користат исклучиво за: креирање на развојни политики, макроекономски планирања, научни и други истражувања и статистички цели (член 2 став 1 од Законот за Попис).

Воедно, прибраните податоци ќе бидат заштитени од страна на Државниот завод за статистика  преку примена на технички и организациски мерки  согласно законските прописи“.

9. Собраните податоци преку Апликацијата за самопопишување  ќе се споредат со податоците од претпописната база на податоци. Бројот на самопопишани лица преку Апликацијата за самопопишување не значи по автоматизам број на резидентно население на  Република Северна Македонија.

10. При внесот на адресата, освен улица, не е задолжително полето број и стан, бидејќи во некои населени места – села не постои улица, број и стан.

Во врска со јавното објавување на лични податоци во медиумите и на социјалните мрежи, сметаме дека е повреда на личните права заштитени со Законот за заштита на лични податоци, за што Агенцијата треба да постапува“, соопштуваат од Државен завод за статистика.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ