• Latest

Скопје до Софија – да се внимава на наративот и да се избегнуваат провокации

March 4, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје до Софија – да се внимава на наративот и да се избегнуваат провокации

March 4, 2021 09:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Да се внимава на наративот и да се избегнуваат провокации. Да се практикуваат европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително да ги зацврсти билатералните релации меѓу Севрена Макеоднија и Бугарија, порачаа македонските официјални претставници по последните вести од Софија дека бугарскиот претседател Румен Радев ги свикал на состанок шефовите на безбедносните служби, за наводното непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во земјава.

Владата преку портпаролот Душко Арсовски вчера го повтори ставот во врска со разговорите со Бугарија дека треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот и оти не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин.

-Премиерот имаше став, објаснување за ова. Можеме само да го повториме како Влада. Остануваме на внимателен наратив. Треба да се внимава од сите страни вклучени во процесот на преговори, вклучително од највисоките носители на функции од двете држави. Она што е најважно е дека не доликува на земји-членки на НАТО да комуницираат на ваков начин, рече Арсовски.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска го оцени како грешка во чекори состанокот на Радев со шефовите на безбедносните служби. Нагласи дека Северна Македонија е можеби најдобар пример во регионот во однос на рамноправноста на граѓаните и почитување на различностите.

-Не сум чула за каков било пример или епизода во историјата кога разузнавачите работеле позитивно и корисно за развивање на човековите права и мислам дека станува збор за грешка во чекори. Република Северна Македонија е држава, која многу вложи во рамноправност на граѓаните и во отвореност на општеството да ги прифати сите разлики. Можеби сме најдобар пример во нашиот регион на ова тема и тоа го признаваат организации кои често пати се критични на темиве, истакна Шекеринска .

Додаде дека македонското општество покажало поголема зрелост и отвореност од некои постари демократии, бидејќи како што рече, како мала држава и како народ сме поминале низ епизоди на негирање и тоа не поттикнало да станеме свесни дека треба да се почитува различниот.

-Ние ги научивме своите лекции. Секојдневно ги покажуваме, дури и со операцијата попис сме држава која на секој граѓанин му ја дава шансата слободно да се произнесе. Би била среќна кога сите државите во нашето соседство би го давале истото право на своите граѓани, истакна министерката за одбрана.

Порака за надминување на предизвиците, интензивирање на соработката и зајакнување на билатералните релации, вчера до својата бугарска колешка Екатерина Захариева, упати министерот за надворешни работи Бујар Османи во честитката по повод 3 Март – Националниот празник на Република Бугарија.

– Односите со Република Бугарија ги сметам за исклучително важни, додека заложбата за нивно натамошно зајакнување е од посебен интерес во насока на развивање на добрососедските односи. Република Северна Македонија останува цврсто посветена на имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка коа важна алка во зајакнувањето на довербата меѓу нашите граѓани, наведува Османи во честитката до Захариева.  

Тој нагласува дека „патот напред е преку усвојување и практикување на европските вредности, а сојузништвото во НАТО и очекуваната блиска соработка во рамките на ЕУ, дополнително ќе ги зацврсти билатералните релации.

– Поддршката од Република Бугарија за евроатлантската перспектива на Република Северна Македонија значи сигурна потпора за нашите највисоки стратешки приоритети и претставува потврда за пријателството меѓу нашите граѓани. Заедничкото претседателство со Берлинскиот процес оваа година, беше историски момент со огромна симболика, кој покажа дека регионот презема иницијатива и одговорност врз процесите кои ја определуваат неговата иднина. Тоа беше потврда дека земја-членка на ЕУ и земја-кандидат можат да работат заедно во интерес на земјите од регионот. Уверен сум дека само преку континуирана примена на досегашниот пристап заеднички ќе успееме да ги надминеме сите предизвици и ќе обезбедиме сестран прогрес за нашите граѓани, напиша шефот на дипломатијата Бујар Османи во честитката до бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ