• Latest
фото: Гардијан

8 Март е симбол за историското патување на жените за права и еднаквост

March 8, 2021

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

8 Март е симбол за историското патување на жените за права и еднаквост

March 8, 2021 13:01
in ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
фото: Гардијан

фото: Гардијан

Share on FacebookShare on Twitter

Жените во светот со векови бараат еднаквост и живот ослободен од стигма, стереотипи и насилство; иднина која е одржлива, мирна, со еднакви права и можности за сите. За да стигнеме до таму, на светот му се потребни жени на секое место каде што се носат одлуки. Целосното и ефективно учество и лидерство на жените во сите области на животот поттикнува напредок за секого. Сепак, жените сè уште се недоволно застапени во јавниот живот и во просеците на донесување одлуки.

Одбележан на 8 март секоја година, овој ден е симбол за историското патување на жените ширум светот за да добијат права и еднаквост. Тоа доаѓа како потсетување дека иако многу е постигнато, патот е сеуште многу долг и треба да се направи многу повеќе.

Во текот на 1908 година се водеше критична дебата меѓу жените во врска со нивното угнетување и нееднаквост. Кампањата за промена започна да станува погласна кога 15.000 жени маршираа низ градот Њу Јорк барајќи пократки работни часови, подобри плати, но и право на глас. Во 1909 година, во САД се одбележа првиот Ден на жената. Во 1910 година, во Копенхаген се одржа меѓународна конференција на жени работнички. Таму идејата ја предложи Клара Цеткин, лидер на Канцеларијата на жени за Социјалдемократската партија во Германија. Во 1911 година, меѓународниот ден на жената за прв пат беше пославен во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија на 19 март. Помеѓу 1913 и 1914 година, жените во Русија го одбележаа својот прв ден на жената на 23 февруари. Подоцна, беше одлучено дека 8 март може да биде глобално прифатен ден за прослава на меѓународниот ден на жената. Меѓународниот ден на жената за прв пат го обележаа Обединетите нации во 1975 година.

фото: Гардијан

Меѓународниот ден на жената на 8 март е ден за славење на социјалните, економските и политичките достигнувања на жените, одразувајќи се на напредокот и потребата од родова еднаквост. Повеќе од сто години, Меѓународниот ден на жената ги става во центарот на вниманието сите проблемите со кои се соочуваат  жените ширум светот. Денес, Меѓународниот ден на жената им припаѓа на сите што веруваат дека правата на жените се човекови права.

Жените се исто така во првите редови во битката против КОВИД-19, како работници од првите редови и здравствениот сектор, како и научници, лекари и старатели. Кога жените водат, гледаме позитивни резултати.

Можеби многумина не се свесни дека Меѓународниот ден на жената не е специфичен за која било земја, група или организација. Денот им припаѓа на жените насекаде. Дозволете ни да ги идентификуваме, славиме и да ја зголемиме видливоста на достигнувањата на жените! Постои огромна потреба за зголемена свесност преку значајни наративи, ресурси и активности за борба против родовата пристрасност и дискриминација.

Не можеме да останеме задоволни со тоа што го имаме до сега. Сите ние треба да ја одиграме својата улога во воведувањето на родовиот паритет. Тимот на ЦИВИЛ им посакува среќен 8 март на сите жени, насекаде.

Ирена Крџиќ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ