• Latest
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија (скриншот од снимка објавена на партиската веб страница)

ВМРО-ДПМНЕ предлага пратениците да имаат само македонско државјанство, СДСМ прифати и побара оставка од осудуваниот Милошоски

March 12, 2021

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

ВМРО-ДПМНЕ предлага пратениците да имаат само македонско државјанство, СДСМ прифати и побара оставка од осудуваниот Милошоски

March 12, 2021 16:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија (скриншот од снимка објавена на партиската веб страница)

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија (скриншот од снимка објавена на партиската веб страница)

Share on FacebookShare on Twitter

Координаторот на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Северна Македонија, Никола Мицевски, во името на партијата и пратеничката група, денеска излезе со предизвик. Предложија пратениците да имаат само македонско државјанство.

„За да ја прекинеме темата на злоупотребата на темата за бугарските пасоши, наводни на пратениците и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ … поднесуваме Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пратеници. Измените се во два члена, за лицето да биде избрано за пратеник треба да го исполнува условот, покрај другите, да  е државјанин само на Република Македонија. Доколку законското решение се донесе во наредниве денови со усогласување во Изборниот законик во наредните триесет дена, ова да важи и за овој пратенички мандат“ – изјави Мицевски на прес конференција во Собранието.

СДСМ излезе со експресен одговор. „СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав“ – соопштија тие.

Својата реакција, СДСМ ја дополнија и со предлогот пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави, како на пример лицето Антонио Милошоски, односно лица кои со своите незаконски дела го нарушуват имиџот на земјата.

„Сепак, поважно од сѐ, наместо да чека законски измени, пратеникот Антонио Милошоски, како осудено и казнето лице во Германија за кражба, за кого се водат предмети пред македонските судови треба да си даде оставка“ – порачаа од СДСМ.

Иницијативата што ја претстави Мицевски доаѓа по објавата на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, во која наведе луѓе со бугарско потекло, чии имиња и презимиња коинцидираат со повеќе актуелни пратеници и функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Џ. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ