• Latest

И порноактерката Миа Калифа „вклучена“ во ширење на лажни вести, предрасуди и омраза

March 16, 2021

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

И порноактерката Миа Калифа „вклучена“ во ширење на лажни вести, предрасуди и омраза

March 16, 2021 14:53
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Слика од порноактерката Миа Калифа се користи за ширење на лажни вести и дезинформации, како и говор на омраза. Покрај сликата на поранешната порноактерка Миа Калифа (Mia Khalifa) е напишан текст: „Миа Јовановска од Студеничани Скопје освои прво место за физика на европското првентство EUFIZ 2021, зошто ниту една телевизија не објавува вакви убави вести?“. Ваквата објава која има скоро 500 споделувања и стотици коментари, има за цел да ги доведе во заблуда корисниците на социјалните мрежи и да предизвика гнев кон актуелната власт.

Благојчо Петровски коментира дека медиумите не објавуваат вакви „успешни и убави“ вести бидејќи Владата ќе треба да и даде стипендија, и ќе нема да има за „нивните деца“, при што Раде Митревски Македонски се надоврзува со прашање: „Зар имаме Влада“?, а креаторот на оваа лажна вест Владимир Пингов одговара на прашањето: „Немаме, само Димитров ќерка му си ја школуе“.

Оваа лажна вест се надополнува со говор на омраза. Лицето Драган Крајовски револтирано пишува тоа дека министерот ја прими на разговор „оро….та“ што по костум за капење се сликала на Тик Ток… (инаку мисли на девојката што го крена гласот и јавно проговори за случајот „Јавна соба“ каде што се објавуваа(т) фотографии на девојки без нивна дозвола). Додека Огнен Громов пишува: „Да беше шип…..ка три дена ќе ја величеа“.

Заслепени од омраза кон актуелната власт не е битно дали се работи за лажна вест, битно е да се критикува власта предводена од премиерот Зоран Заев.

Овој „успех на македонското девојче“ го објавиле и Македонска Народна Партија.

Оваа лажна вест предизвика воодушевување и гордост кај македонските граѓани. Даниела Кален пишува дека треба да се објавува секој ден вакви позитивни вести, бидејќи доста и е од труење со политика.

Објавата е своевиден плагијат, односно преземена од Србија, каде истата слика беше споделувана пред повеќе од еден месец со речиси идентичен придружен текст: „Миа Јовановиќ од ромската населба во Крагујевац освои прво место по физика на европско првенство. Зошто ниту една телевизија ова не го објави?“.

Покрај многуте споделувања и коментари (особено на Ромите од Србија), оваа лажна вест ја сподели и српската пејачка Зорица Брунцлик.

Но, Србите се уште „покреативни“ во ширење на лажни вести и дезинформации, па за истата порно актерка објавиле фотографија и тест: „Мојата ќерка. Лепотица. Завршила два факултета со просек 10. Заминала од Србија заради подобро утре, напуштила семејството, пријателите. На заминување ми кажа ‘мамо не сакам да бидам како тебе, да одвојам од уста како што ти правеше за мене“.

Oчигледно многу луѓе водејќи се според патриотските чувства подпаднале на ова лажна вест. Меѓутоа, повеќе од јасно е дека не се работи за сатира, туку за партиска пропаганда. Ако се погледне Фејсбук профилот на Владимир Пингов ќе се види дека речиси секоја објава му е против власта (користејќи и говор на омрааза), односно дека е член или симпатизер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Со вакви аматерски и неоргинални (украдени објави) обиди не може да се сруши власта. Краткотрајни се ефектите, односно брзо е разобличена пропагандата која неумешно се затскрива зад сатирата. Ваквите лажни вести и дезинформации колку и да изгледаат небитни, сепак имаат за цел да ја разнишат довербата во институциите и да внесат раздор, предрасуди и омраза меѓу луѓето.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ