• Latest

Борбата против фашистите е вечна

March 17, 2021

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Борбата против фашистите е вечна

March 17, 2021 12:45
in МУЛТИКУЛТУРА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕРО АРСОВСКИ

Да ли не „затече“, изненади, најновата снимка на наци-фашистичкиот пир на ДПМНЕ платениците Пандов и Неделковски? Да ли бевме уверени дека по последните порази и судски разврски против нивните газди ќе се повлечат, смират, а некои од нив и опаметат?

Ако одговорот е „да“, сме се излажале.

Ете ги, исто така жестоки како и порано, малку затскриени во некоја селска биртија, без маски (зашто не признаваат ни Корона, ни мерки) и со старата излитена фашистичка „химна“. Они се истите, само сега МУТИРАНИ, скриени и исто толку опасни како и Корона вирусот, ја демнат својата нова голема шанса, кога ние ќе се опуштиме и подзаборавиме. Можеш ти фашизмот сто пати да го „прогласуеш“ за мртов, но тој баш како Корона 19 ќе бувне тука негде околу тебе, во дуќан, на улица, на ТВ екранот, во Стајковци, Сопиште, Струга, или негде во Шпанија, Нигерија, Америка. Па и во Германија или Австрија, Бугарија , да не ја заборавиме Унгарија!

Национализмот, шовинизмот, расизмот е секаде околу нас, се раѓа одново, се негува, слави, протиња прво како голем бизнис на Мастер фашистите, големите скриени фирери, кои под капата на човековите слободи и права ги хранат и плаќаат оние бараби што тоа најголемо зло и опасност по нашите деца и животи јавно го манифестираат и слават. Целта е сè што е страно, различно, нееднакво, да се прогласи за причина за сите неволји, неуспеси, несреќи, омрази и војни и со нова света и „патриотска“ војна да се грабне власта.

И тогаш, доаѓа пирот, славјето и главната гозба. Пљачка на народот без страв и пречка!

Сè по закон и под капа на државата. Е, тука доаѓа на ред прашањето, колку една држава, општество, и ние сите заедно, сме свесни за најголемата опасност по нашите, а и животите на нашите најблиски и колку сме подготвени за борба против таа несреќа и зло!

Борба, да!

Но тоа не е борба каква што би сакале тие: на улица, упади во Собрание, спречување на секакво чекорење заедно напред, туку борба пред се во нашите глави, ум, како определба, идеја, убедување, правда и наша подготвеност, а со тоа и обврска за борба против фашизмот.

Таа борба е вечна, не дозволува опуштање и невнимание, зашто ако ни се протне, избега, бувне и дојде до власт, фашизмот води во крвави борби, жртви и огромни катастрофи.

Затоа, секаде на спортските преноси, на терен, на секој дрес, да напишеме NO RACISM. Да го вградиме тоа во нашиот живот во нашите мисли, навики, срца како наш единствен пат, излез и обврска.

Многу е поубаво кога сме заедно, кога се почитуваме и сакаме, без оглед на разликите од кој и да е вид.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ