• Latest

Партиското „гласило“ на Левица, со две лажни вести во три дена

March 19, 2021

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Партиското „гласило“ на Левица, со две лажни вести во три дена

Се зема таргетирана вест, се фабрикува, се пакува како дезинформација и потоа се шири на социјалните мрежи. Често во таа контаминирана „сеидба“ на дезинформацијата помагаат платени или изманипулирани „влијателни ликови“ од социјалните мрежи. Кругот на пропагандата се затвора со наменски креирани Фејсбук групи преку кои се шират лажните вести.

March 19, 2021 13:19
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter
Партиското „гласило“ на Левица, шири лажни вести и дезинформации. Само во изминативе три дена, забележани се две лажни вести поставени на порталот. Двете лажни вести се експресно демантирани и разобличени, но (во моментот на пишување на овој текст) сè уште не се тргнати од порталот.

Снимка од екран од порталот Антропол
„Цивил шират кампања за попис додека Дерала е позитивен од ковид-19“, е насловот на написот на порталот, преку кој се пласира лажна вест, се дезинформира јавноста, се нарушува угледот на личноста и се шири паника. Потоа таа лажна вест се пренесува на социјалните мрежи и се „надградува“ со експлицитен говор на омраза и клевети.

На фејсбук групата „Не отварам врата“, пишува „провладиниот невладин исп**** од Цивил Џабе Се Дерала скоро 2 месеци си прави карвани низ цела Македонија собира народ и шири Корона по луѓе за да ги убедува дека попис во сред трет бран пандемија е многу добра работа“. Објавата освен што е лажна вест, содржи навреди и говор на омраза.

Оваа дезинформација, експресно беше демантирана од Дерала:

„Од почетокот на ковид кризата бев четири пати во изолација, а се тестирав точно пет пати. За голема жал на пропагандистите, можам да соопштам дека НА СИТЕ ТЕСТОВИ СУМ НЕГАТИВЕН .

Антитела: НУЛА, што значи дека не сум го ни прележал ковидот.

А вистина е дека се сретнав со повеќе од 2.000 луѓе за една година, посетив преку 40 населени места, учествував на огромен број настани. Цело време, здрав како дрен .

Како заклучија пропагандистите дека сум бил позитивен, навистина не знам. Мојот твит утринава се однесуваше на „брзината“ на поштата, а не на мојата здравствена состојба – фала на прашање, добар сум .

Неписмени се или само бескрајно злобни? Или и двете?“, објави Дерала на својот Фејсбук профил.

Втората дезинформација пласирана од истиот портал ја манипулира јавноста дека на пописот во Швајцарија, Mакедонците можат да се попишат како северномакедонци, а не како Македонци.

Доколку се провери на германски што значи напишаното, ќе сфатите дека ова е дезинформација и извртување на вистината, пишува Вистиномер.мк во својата анализа.

Во написот од Антропол се манипулира со германскиот збор Nordmazedonien, каде дезинформираат дека тоа се однесува за етничката припадност.

Германски јазик зборот Nordmazedonien не се однесува на етничката припадност, туку се однесува на името на нашата држава, Северна Македонија. Според тоа, лажно е тврдењето дека на пописот во Швајцарија Македонците се нарекуваат северномакедонци. Текстот на портолато намерно ја користи ваквата дезинформација за да ја манипулира јавноста и за политички да поентира. И на официјалната веб страна на германското министерство за надворешни работи, Република Северна Македонија е именувана како Republik Nordmazedonien. Ако станува збор за „северномакедонци“, тогаш на германски би пишувало „Nordmazedonier“, „Nordmakedonier“, „Nordmazedone“ или „Nordmakedone“, потсетуваат од Вистиномер.мк. Во анализата упатуваат и на германската Википедија, каде за етничката група пишува Mazedonier, а не Nordmazedonier..

Што ни покажуваат ови две наменско пласирани дезинформации?

Се зема таргетирана вест, се фабрикува, се пакува како дезинформација и потоа се шири на социјалните мрежи. Често во таа контаминирана „сеидба“ на дезинформацијата помагаат платени или изманипулирани „влијателни ликови“ од социјалните мрежи. Кругот на пропагандата се затвора со наменски креирани Фејсбук групи преку кои се шират лажните вести.

Карактеристично за овој „производствен процес“ е што сетоа тоа е поткрепено со неизбежен говор на омраза и дискфалификации кон целната група или поединецот што се цел на овие лажни вести.

Ј. Ѓорѓиоски / Frontline.mk
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ