Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

Лажна вест е дека министрите Груби, Царовска и Маричиќ се вакцинирале

„Не би ме изненадило Милошоски и да е „бриферот“ дека наводно јас и членови на Владата сме се вакцинирале преку ред“, вели Маричиќ..

Владата денеска ги демантираше информациите објавени од пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, и дел од медиумите, дека тројца министри „се вакцинирале преку ред“.

„Најостро демантираме, не постои никакво вакцинирање на министри. Ги повикуваме пратеникот и порталите кои ја шират оваа тешка дезинформација да се откажат од манипулациите со населението во овие моменти на тешка здравствена состојба во државата“, беше објавено денеска на официјалниот Твитер профил на Портпаролот на Владата.

Милошоски, повикувајќи се на медиуми во Албанија, на својот Фејсбук профил објави дека тројцата министри преку ред се вакцинирале. Дел од порталите, претходно, повикувајќи се „Њус 1“ од Албанија, објавија дека дел од македонските министри веќе се вакцинирале.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ вели дека е целосна невистина и лажна вест информацијата дека веќе се вакцинирал.

„Категорично демантирам дека јас или било кој член од моето семејство има примено вакцина. Дополнителна потврда дека се работи за целосна измислица е фактот дека информацијата ја сподели Антонио Милошоски, кој во македонското општество е познат како генератор и ревносен ширач на лажни вести, човекот кој е ретко успешен колекционер на деманти.

Не би ме изненадило Милошоски и да е „бриферот“ дека наводно јас и членови на Владата сме се вакцинирале преку ред.

Ваквите удари секако нема да ме поколебаат од намерата правдата целосно да завладее во нашата земја, а сите оние кои го прекршиле законот да одговараат.

Комплетно е јасно дека целта на ваквите дезинформации е само да ми се наруши честа и угледот“, напиша Маричиќ на Фејсбук.

И министерката за образование Мила Царовска преку својот Фејсбук профил побара од пратеникот Антонио Милошоски да се извини за објавувањето неточни информации.

„Пратеникот Антонио Милошоски, кој се етаблираше како главен извор на лажни вести, повторно споделува лаги. Во целост ги демантирам информациите дека сум се вакцинирала, не ми паѓа на паѓет да ја злоупотребам позицијата. Барам Милошоски итно да се извини за лагата, освен манипулации друго од опозицијата не може да се очекува“, објави Царовска.