• Latest

Професорката од Тетово се извини на Ромите, изјавата се однесувала на лажната солидарност кон нив

April 9, 2021

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

Професорката од Тетово се извини на Ромите, изјавата се однесувала на лажната солидарност кон нив

April 9, 2021 15:52
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

“Ако некој е навреден се извинувам бидејќи не била таа намерата”. Со ваква порака, професорката Мухабије Фејзули, го оправда вчерашниот коментар кој содржи говор на омраза кон ромската заедница во земјава. Професорката преку Фејсбук статус објасни дека не и била намерата да ги навредува Ромите туку сите оние кои, според неа, лажно се солидаризираат со Ромите на Фејсбук, а поинаку ги третираат во реалноста.

“Не сум против Ромите, но иронично сакав да го изразам револтот кон оние кои на Фејсбук го сакаат целиот свет и секоја кауза ја претвораат во можност за пишување статуси со кои го задоволуваат своето его. И поддршката за Ромите треба да биде институционална. Секој ден ги навредуваат, ги газат со коли на раскрсници, ги земаат да чистат по куќи, а ги плаќаат помалку, ги прават крадци кога им текне, бегаат од нив како од зараза, а потоа во април се сеќаваат на нив со песни и лајкови по Фејсбук. Мојот протест беше овој, и иронијата беше оваа”, напишала Фејзули по објавата на текстот во Цивил Медиа.

Нашиот тим разговараше и со директорката на средното економско училиште “8 Септември”, Мирјета Иљази, која вели дека е зачудена и не верува на тоа што прочитала. Иљази вели дека професорката во нејзината работа и активности не покажала ниту еднаш елементи на омраза и навреда кон никого, но сепак тврди дека ќе разговара со неа и ќе го расчистат случајот до крај.

“Зачудена сум од таквата содржина и секако ќе разговарам со професорката да се запознам со повеќе детали. Инаку професорката до сега во ниту еден случај не изразила омраза или навреди кон ниту еден ученик, колега од ниту една етничка заедница. Напротив, таа е позната како слободоумна и е најактивна во активности кои се поврзуваат со соживотот. Работеше на активности на денот на Европа, Светскиот ден на екологија и многу други активности, сите со мешовит состав на ученици од многу заедници”, одговори директорката Мирјета Иљази.

А. Зеќири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ