ВЕСТ НА ДЕНОТ Паднаа пресудите за случајот „Трезор“: Мијалков доби осумгодишна казна затвор
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска паднаа пресудите за предметот „Трезор”, случај кој се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Судот денеска четворицата обвинети ги прогласи за виновни.
Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков како првообвинет за случајот е осуден на единствена казна од 8 години затвор, додека поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски доби 5 затворска казна , а поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ казна затвор од 5 години, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски е осуден во отсуство на 15 години затвор. Тројцата се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.
Според обвинението, во овој случај се злоупотребени над 860 илјади евра.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ Маричиќ: Пет години подоцна, да погледнеме каде биле тогаш, а каде се денес главните луѓе на режимот
„Настаните поврзани со Шарената револуција, по мое мислење, го сменија текот на историјата на нашата држава, го сменија правецот по кој што се движеше политичката криза, и мислам дека тоа беше точката која ја прелеа чашата кај сите, или кај огромен број граѓани по повод режимот на Груевски. Да не заборавиме што беше поводот, за Шарената револуција, тоа беше потпишувањето на масовната аболиција за сите оние коишто беа под некаква истрага, или што имаа некаков случај од поранешното Специјално јавното обвинителство. Чинот на аболиција, или желба, со политички акт да се укине борбата за правда и слобода беше повод луѓето масовно да излезат на улиците“, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ, на одбележувањето на Пет години Шарена револуција, во организација на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
ЦИВИЛ одбележа пет години од Шарената револуција, денот на граѓанскиот пркос.
ЦИВИЛ ја одбележа петгодишнината од Шарената револуција со одличен и динамичен настан, на Денот на граѓанскиот пркос, 12 април, како ден на борбата за човековите права и слободи, правда, еднаквост, против еден десетгодишен режим против демократијата.
На настанот говореа Владанка Димковска, актерка и активистка, Сашо Орданоски, политички аналитичар Бојан Маричиќ, министер за правда, Кате Колозова- професорка, Ненад Јовановиќ, експерт, Ацо Кондев, фотограф, Јане Ѓорѓиоски, новинар и активист, професорката Мирјана Најчевска, Павле Богоевски, активист, Зоран Иванов, новинар, Миле Милановиќ, активист, Агрон Биба, автор и актер како учесници во Шарената револуција, како и во низа други протести за демократија, правда, слобода и еднаквост во нашата земја, како и Дехран Муратов и Петрит Сарачини од тимот на ЦИВИЛ. Настанот го модерираше Џабир Дерала.
ФЛЕШ ВЕСТИ
КОВИД-19 Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26.000 граѓани, расте интересот за вакцинирање
ПРАВДА ДЕА ја поддржува борбата со нарко трговијата во Северна Македонија.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) соопшти дека како грански синдикат и член задутре ќе го поддржи предупредувачкиот протест на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), зашто смета дека заштитата на сопствените интереси, во согласност со законите и колективните договори, мора да се бара преку искажување јавно незадоволство бидејќи нема слух од надлежните.
ГОВОР НА ОМРАЗА Мониторинг тимот на ЦИВИЛ забележа експлицитен говор на омраза, закани по живот и пцости од Љупчо Грков, којшто се обраќа во живо на својот Фб профил.
ПОЛИТИКА Направен е исчекор околу законот за државјанство на средбата на премиерот Зоран Заев со лидерите на опозициската коалиција Алтернатива и Алијанса за Албанците Африм Гаши и Зијадин Села.
СЛОБОДНА ЗОНА
„Не само што не успеавте да најдете ништо спорно оти нема, не само што ви ги спакував како пакетчиња тепачите и провокаторите што ми ги праќавте. Ви се спротивставив и на лично ниво ве победив, и вас, и вашите тепачи, и вашите слуги во институциите и во медиумите. И, го дадов мојот скромен придонес за да бидете таму каде што се сега – лишени од можноста да крадете, тепате, шиканирате, па и убивате. Оваа хајка којашто ја спроведувате ќе ја издржам, и пак ќе ве победам.“ пишува Петрит Сарачини во „ПОСЛУШАЈТЕ ИДИОТИ!“
И.К.












