• Latest
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Рашковски и Станчев во Кривичен на распит за јавна набавка на софтверот

April 16, 2021

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Рашковски и Станчев во Кривичен на распит за јавна набавка на софтверот

April 16, 2021 10:33
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5
фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

фото: Фејсбук профил на Драги Рашковски

Share on FacebookShare on Twitter

Драги Рашковски и Даниела Станчев, осомничени во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци се спроведени во Суд пред судија на претходна постапка, потврдија за МИА од Основниот кривичен Суд – Скопје.

Оттаму велат дека по завршувањето на распитот во однос на предлогот на јавниот обвинител за определување мерка притвор за двајцата осомничени јавноста ќе биде известена. За другите двајца осомничени во случајот се бараат мерки за претпазливост.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈОГКК.

Според нив во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

– Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот како надворешен соработник пренесувал информации за текот на постапката на осомничените – учесници во јавната набавка, информираат од обвинителство.

Во текот на постапката за јавната набавка од ОЈОГКК додаваат дека наместо комуникацијата да се извршува со користење електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки, со цел фаворизирање на конкретен економски оператор првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот.

– На 02.01.2020 година, првоосомничениот донел Одлука за избор на најповолен понудувач за економскиот оператор каде сопственик и управител е второосомничениот и бил склучен Договор за набавка на услуги. Во месец јули истата година економскиот оператор доставил фактура на износ од 4.997.300,00 денари со вклучен 18 отсто ДДВ, па иако софтверот не бил имплементиран,  фактурата во рок од седум дена била исплатена, посочуват од обвинителство.

Летото 2019 година, како што соопштија од ОЈОГКК првоосомничениот донел уште две одлуки за јавна набавка на работи за потребите на софтверот иако  во тоа време сѐ уште не бил склучен договор за набавка на таков софтвер.

– Со избраните економски оператори како најповолни понудувачи биле склучени договори на износ од 1.416.000,00 денари со вклучен 18 отсто ДДВ и од 4.605.021,00 денари со вклучен ДДВ. Со дејствијата што ги извршил, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Р.С.Македонија во вкупен износ од 11.018.321,00 денари, велат од обвинителство.

Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека постои опасност од бегство, криење и влијание врз сведоци за двајцата првоосомничени до Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор. За останатите осомничени даде предлог на судот да им определи мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиштето, односно престојувалиштето; обврска на осомничените да се јавуваат повремено кај определено службено лице или определен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно забрана за учество во спроведување на постапки за јавни набавки.

Следејќи ги повеќедневните написи во медиумите за набавката на  софтверот, обвинителството на 18 март годинава отвори предистражна постапка. Беа издадени повеќе наредби за прибирање на потребната документација по кои постапува истражителите од истражниот центар при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.​

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ