• Latest
Photo by Daniel Cheung on Unsplash

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Филипче, Спасовски, Шекеринска…

April 26, 2021
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Филипче, Спасовски, Шекеринска…

April 26, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by Daniel Cheung on Unsplash

Photo by Daniel Cheung on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Филипче: Стигнаа вакцини „Спутник V“, денеска ќе стигнат 10.000 од „Фајзер“, а на крај на месецов 200.000 кинески вакцини

„Вакцинацијата се одвива добро. Во салата „Борис Трајковски“ се врши ревакцинација по три недели од вакцинацијата со вакцината „Спутник В“. Тоа се тие 20.000 дози. Во саботата доцна навечер, практично в неделата наутро стигна нова количина од 20.000 вакцини „Спутник“ од кои 7000 ќе бидат наменети за ревакцинација на вработените во критичната инфраструктура… Треба да стигне и одредена количина преку системот на солидарност од ЕУ преку Австрија. Сето тоа влегува во нашиот распоред како ќе се распределуваат вакцините. Има неколку пункта во државата, освен во Скопје, каде има фрижидери за вакцината на „Фајзер“ и тие се распределуваат и кон околните центри на тој начин што здравствените домови согласно бројот на закажани граѓани секое утро подигнуваат одредена количина од вакциналните пунктови во Куманово, Штип, Битола, Охрид, Тетово и во Кавадарци и така се прави распоредот и регионално“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Спасовски: а 9.5% е намален вкупен криминалитет, реконструирани 54 објекти на МВР, обезбедени средства за бонус плати

„Почитувани пратеници и граѓани! Горд сум што за период од три и пол години, реконструиравме 54 објекти. Притоа, ја зголемивме и енергетската ефикасност и употребата на обновливи извори на енергија: поставуваме соларни панели, ПВЦ врати и прозорци, а склучивме и рамковна спогодба за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, со што ги исфрламе старите грејни тела и одиме кон зелена енергија, односно придонесуваме за заштеди во буџетот и намалување на загадувањето на животната средина. Големо внимание посветуваме и на набавка на опрема и униформи за вработените. Во текот на оваа и наредната недела пристигаат комплет униформи за Единицата за брзо распоредување, Единицата за обука и подршка при ОСПО, како и Единицата на интервентна полиција при СВР Скопје. Минатиот месец Одделението за претходница и сообраќајно-ескортно обезбедување при Одделот за заштита на определени личности и објекти, по цели 12 години доби на користење нова мотоциклистичка опрема, а за првпат полициските службеници во оваа организациска единица на министерствотодобија два вида на опрема – зимска и летна“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Шекеринска очекува широка поддршка за законот за отпремнина за професионалните војници

„Токму оваа прва генерација војници што стартуваше крајот на минатата година беше првиот тест на овој систем и се покажа одличен. Затоа во Велес, тоа беа први војници професионално ангажирани кои првиот тримесечен тест го служеа токму во Велес. Можноста за доброволно служење останува, но помал број млади се одлучуваат на доброволно служење бидејќи сега имаат подобра опција. Тие три месеци ги служат како тест период и притоа добиваат целосна плата“, изјави министерката за одбрана Радмила  Шекеринска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ