• Latest
Добро утро со Орданоски

Стојко лета во облаци

April 27, 2021

24 ЧАСА: Полициски притисок врз новинарите во Демир Хисар; Кондарко смета дека ни е потребен нов Изборен законик; Трамп нареди федерализирање на полицијата во Вашингтон; Украина гори, Газа гладува – а светот гледа настрана

August 12, 2025
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда ќе разговара со експерти за условите за учество на независните кандидати

August 12, 2025
фото: ВИ

МФ: Во изборен период исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци

August 12, 2025

Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

August 12, 2025

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Независни кандидати наместо партиски

August 12, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски
Фотомонтажа / А. М.

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

August 12, 2025
Фото: Македонијо во срце те носиме/ Фејсбук

По трагите на една естрадна иницијатива: Кој пее зло не мисли – си тера кампања

August 12, 2025

Локални избори 2025: Клучни рокови и обврски за институциите и медиумите

August 12, 2025

И сè ова е само почеток

August 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Стојко лета во облаци

April 27, 2021 07:15
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Откако јасно и гласно ја кажа својата поента за одбивањето да вработи десетина лошо квалификувани административци од „рамковниот“ список на државата и го собра аплаузот на голем дел од јавноста, Стојко Пауновски – за кого сите упатени велат дека одлично си ја знае работата во државната пазарна инспекција – влезе во нова фаза на своето инсистирање дека тој е во право: да го сруши премиерот Заев од власт.

Тоа ќе биде прв случај во светот еден пазаришен инспектор да сруши цела една влада! Добро, зошто да не, за сè има прв пат.

Историјата на политиката познава многу поединечни акти на „пркос“ кои покренале цела лавина крупни општествени промени. На пример, во 1955 година, во Алабама, пркосното одбивање на црнечката активистка за расна еднаквост, Роза Паркс, да седне во задниот дел од автобусот на места резервирани за црнците, ќе го крене бранот од политички промени во дел од расните политики во САД (предолго се тркала тој бран), а таа ќе стане светски симбол за борбата против расната сегрегација… Или, кога 57 години порано, отвореното писмо на Емил Зола (“J’Acusse…!”) со кое го зема во заштита неправедно обвинетиот Евреин Драјфус, ќе предизвика далекусежни потреси во француското општество… Јан Палах дури и се самозапали, како знак на протест против руското брутално задушување на Прашката пролет во јануари 1969… И така натаму.

Проблемот со г. Пауновски, за среќа, не бара негово самозапалување, иако добро ѝ ги запали гаќите на Владата. Но, тука, отприлика, завршува сличноста на неговиот административен пркос со историските пркосни аналогии. Бидејќи, суштината е токму спротивна.

Идејата на „рамковните“ вработувања не е на оваа влада. Овие (поточно, поголемата половина од нив) сега се справуваат со правните и политичките последици на тој лошо осмислен и спроведен проект, кој без разлика на почетните намери, заврши како државно финансирање на дел од гласачките потреби на ДУИ. Арно, ама, со тие „рамковни“ луѓе, после долго седење дома и примање државна плата, нешто треба да се прави, за целата приказна да почне да добива некаква смисла: прераспоредување, обука, работни задачи… Што било е подобро од ништо, како досега.

Бидејќи Пауновски, именуван функционер од Владата, сето ова би требало да го разбира – дополнително што човек би очекувал одредена социјалдемократска сензитивност за овие теми од некој, како него, кој доаѓа од Тетово – а сепак за прераспоредувањата не сака да чуе, тогаш нешто не „штима“: проектот, директорот, пазарниот инспекторат или целата владина политика? … Знаеме, под Г: „Целата владина политика“, на чело со премиерот, со кого Пауновски директно полемизира, бидејќи му е дојдено преку…

Но, откако стана јасно дека Владата не сака да ја менува односната политика, Пауновски реши дека тој ќе ја менува Владата. Оти, ако поради него владата не си дава оставка, освен да биде сменет од функција, Пауновски има и можност самиот да си даде оставка, со оглед на несогласувањето со владината политика – за него е сеедно, бидејќи во кој било случај, веќе е акламативно прогласен за херој во јавноста, па ако нема намера да ја смени Владата, логично би било самиот да си замине од неа. Па, сепак, не.

Како и да ја заврти, Заев е во губитничка позиција. Доби уште еден „Стојко“ во рабушот на јавноста која обожува државни функционери кои, од некаков принцип, им пркосат на помоќни државни функционери. Има и иронија во сето тоа, бидејќи ако некој пркосел во политиката, тоа е секако Заев, па таа политичка емоција би требало добро да ја познава. Сепак, работата со Пауновски гледаме до каде стигна, ни телефон инспекторов, од инает, на премиерот не му крева…

Ништо. Ќе лета, изгледа, Стојко во пилоти. Ќе си ја исполни својата дамнешна желба.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Фејсбук ФК Шкендија

    „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ