Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, каде е предвидено да има средби со челниците на Европската Унија и на НАТО.
Во 11:00 часот ќе се одржат седници на собраниската Комисија за труд и социјална политика, седница на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, по што следуваат седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците во 13:00 часот и седница на собраниската Комисија за економски прашања во 13:30 часот.
Во 11.00 часот во касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок, ќе присуствуваат на примопредавањето на турската донација, влечен воз – транспортер на тенкови, оклопни транспортери и механизација, за потребите на Армијата на Северна Македонија.
Изјава на претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села по посета на Абдулфета Алими во КПД Идризово во 11:30 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.