• Latest

Преглед на настани: Фридом Хаус нотира демократски напредок, производство на амбалажа за Ковид-вакцините, продолжува иницијативата „Крај за расипништвото“ на ЦИВИЛ…

April 28, 2021
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Фридом Хаус нотира демократски напредок, производство на амбалажа за Ковид-вакцините, продолжува иницијативата „Крај за расипништвото“ на ЦИВИЛ…

April 28, 2021 16:52
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Фридом хаус: Северна Македонија единствена земја со демократски напредок во Западен Балкан

„Во Извештајот на „Фридом Хаус“ е нотирано дека Република Северна Македонија постигнала напредок во демократскиот резултат од 3,75 на 3,82, со подобрувања во областите на националното демократско управување и изборниот процес. „Фридом Хаус“ потенцира дека Република Северна Македонија е единствена земја со демократски напредок во Западен Балкан“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа додава дека напредокот на нашата држава е втор најдобар резултат во Европа, од вкупно 29 земји кои се анализираат во извештајот.

„Политиките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев во поглед на унапредување на човековите права и слободи и демократскиот амбиент, во континуитет се препознавани од релевантни меѓународни организации.

Во Извештајот е нотирано и дека „Владата на премиерот Зоран Заев ги поправа институционалните штети нанесени од десничарските претходници и дека се уште има шанси да донесе уште демократски придобивки.

Извештајот на „Фридом Хаус“ како и претходните извештаи на ГРЕКО и Стејт Департментот се силни меѓународни признанија за одговорното, транспарентното работење на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев“, истакна Кузеска.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Порано беше мисловна именка да има истрага против високи функционери, а денеска сите еднакво одговараат пред законите, а истражните органи постапуваат неселективно, без разлика дали станува збор за командир на полициска станица или на било кој друг функционер“, потенцираше премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање за акцијата на полицијата во која беше пресечен канал за шверц со забранети супстанци, спроведена во соработка со американската агенција ДЕА.

„Акцијата беше спроведена според законот и според највисоките стандарди на напредните земји во борбата против криминалот и во соработка со нив. Главниот координатор беше министерот, и да се бара оставка за успешна спроведена акција ниту сакам, ниту помислувам да побарам“, истакна премиерот Заев.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Иницијативата „Крај за расипништвото“ што ЦИВИЛ ја започна во 2019 со поднесени барања до Собранието за укинување на привилегиите на функционерите сè уште е актуелна и ќе остане додека,  почнувајќи од поранешните претседатели, завршувајќи со раководителите на државните агенции и други институции, сите повластици не се укинат, односно редуцираат до ниво што е прифатливо за една земја која се декларира како социјална држава, според Уставот.Накратко барањата што ги достави ЦИВИЛ до Собранието се:

  • Драстично намалување на патните трошоци на функционерите, поточно, обезбедување средства во висина на цената за јавен превоз.
  • Укинување на апанажите на било кое ниво, за било која позиција.
  • Укинување на доживотните пензии за поранешните претседатели, до моментот кога тие исполнуваат услови за пензија, соодветно на примањата што ги имале во текот на работниот век.
  • Укинување на парични и други надоместоци за сите управни одбори, односно позицијата во тие и слични тела треба да биде почесна, а не платена.
  • Укинување или спојување на државните агенции, со намалување на бројот на вработени. Бараме укинување на сите привилегии што се поврзани со користење службени возила, репрезентации, обезбедување на функционерите и други прескапи привилегии.
  • Да се воспостави пракса на забрана за набавка на службени возила од средна и висока класа.
  • Укинување на дискреционите овластувања на функционерите.

Функционерите во законодавната и извршната власт, а секако и локалната самоуправа, мораат да се откажат од луксузните автомобили, од патните трошоци, од репрезентативните издатоци, прескапи патувања за кои имаат слаби изговори, луксузниот мебел, набавки на уметнички дела за „декорирање“ на нивниот работен простор и сите останати удопства на кои полагаат право врз основа на закони зад кои стојат сомнителни, па и криминални мотиви.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Во земјава ќе се произведува амбалажа за КОВИД-вакцините, течат разговорите на „Гересхајмер“ за проширување на инвестицијата

МЕРКИ Угостителските објекти од денеска ќе можат да ги отворат терасите и да работат до 20:30 часот. Од денеска престанува да важи и забраната за организирање, одржување и присуство/учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани од ваков тип. Забраната за организирање свадби, родендени и крштевки останува, а продолжува да важи и забраната за работа на сите фитнес клубови, спортски центри и сали наменети за вежбање на затворен простор.

ДОНАЦИЈА Норвешка донираше 100 механички респиратори за инвазивна и неинвазивна вентилација, дизајнирани за користење во итни случаи и надвор од болничките сали, односно во амбулантни возила и помали сали за итна помош, кои ќе бидат распределени согласно потребите низ земјата.

ДИПЛОМАТИЈА Нашето членство во НАТО се совпадна со избувнувањето на пандемијата и во почетните месеци на оваа глобална криза, македонските граѓани ја искусија важноста на солидарноста во Алијансата, бидејќи добивме вредна поддршка од земјите членки, како и од самата организација, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, заблагодарувајќи се пружената помош во овој период.

РЕФОРМИ Предлог-законот за учебници беше објавен на владиниот ЕНЕР-систем и сите предлози и сугестии од експертската јавност, додава МОН, се интегрирани во неговата содржина, која е усогласена со сите последно усвоени документи од страна на Европската комисија, кои се однесуваат на давање приоритетност на процесот на дигитализација на образованието.

ВАКЦИНИ Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска соопшти дека Србија и донирала дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“ на Северна Македонија, наведувајќи дека досега на земјава и се донирани вкупно 48 000 вакцини, јави дописникот на МИА од Белград.

ИЗВЕШТАЈ Во 2020 година Народниот правобранител постапувал по 2.931 претставки, од кои 2.448 беа примени во тековната година, а 483 пренесени од претходната година. Овие податоци се наведени во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2020 година, што го презентираше денеска Народниот правобранител Насер Зибери.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Кога и колку ќе ја загуби поддршката од оваа јавност во Македонија, на Заев „деновите на власт“ му се изброени. Ова е изборна статистичка опсервација, не е политичка преференција, бидејќи во избалансирано партиски поделената македонска јавност, гласовите на неопределените го решаваат изборниот победник.

На Стојко Пауновски некако „му се падна“ да биде „тригерот“ за оваа жива дебата во јавноста. Тој не се предаде без борба: од неговата изјава за разделба – не од безобразното простување „затоа што не знаат што прават“, туку од наводот дека имал конфликт со шефот на кабинет на Артан Груби – не е јасно: Заев го менува Пауновски заради сопствена одлука – или заради притисоците од Артан Груби?!

Бидејќи, нема шанси што било добро да излезе од оваа епизода ако, не само катастрофата тоа да го прави Груби, туку шефот на неговиот кабинет (!) да ја има моќта да ги бира и менува кадрите на Заев… Тоа навистина би било „збогом памети“ за лидерот на СДСМ“, пишува Сашо Орданоски во колумната Заев го помина својот Рубикон!

Д. Муратов

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ