ЦИВИЛ денеска организира панел дискусија на тема „Какви закони, такви избори“, со почеток во 13 часот во хотел „Парк&Спа“ (зад градски стадион) во Скопје. На панелот ќе учествуваат проф. Рената Дескоска, државната советничка при Министерството за правда, Радица Лазареска Героска, извршниот директор на МОСТ, Дарко Алексов, претседателката на здружението „Инклузива“ Благица Димитровска и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Покана е испратена и до Државната изборна комисија, за сега без одговор.
Со почеток во 10:30 часот седница на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, по што ќе следи седница на Законодавно-правна комисија во 13:00 часот.
Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто ќе престојува во работна посета на Република Северна Македонија.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во 11:00 часот ќе присуствува во работна посета на општина Богданци каде ќе го означи почетокот на проектот „Поврзување на општините со локални патишта”.
Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири во 11:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.












