ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ на 20 мај (во четврток), во хотел Сити Парк (спроти Фонтана во Градски Парк), со почеток во 13 часот.
Премиерот Зоран Заев ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Во 10:00 часот и во 11:00 часот собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе ги одржи 23. и 22. седница.
Во 10:30 ќе се одржи седница на Законодавно-правна комисија.
Во 11:30 часот Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски ќе одржат прес-конференција.
Во 09:00 часот ќе даде изјава на Фросина Ременски во врска со предметот пред Судот, со пресек на листата на докази на ОЈО и постапувањето на ОЈО.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.