ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема: „Мултикултурализмот и европските вредности во медиумите“ денес во хотел Сити Парк (спроти Фонтана во Градски Парк), со почеток во 13 часот, по што ќе следи уште една панел дискусија на тема „Говор на омраза во политиката“ со почеток во 14:30 часот во хотел Сити Парк во Скопје.
Во 12:00 часот собранието на Република Северна Македонија ќе го одржи продолжението на 41-та седница.
Во 11:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Во 13:00 часот ќе се одржи работна средба на Комитетот за односи меѓу заедниците.
Во 10:00 часот Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со полскиот амбасадор, Војциех Тицињски.
Во 12:00 часот Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе се обрати на инаугуративниот состанок на Стратешкиот совет за надворешна политика.
Во 10:00 часот Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов и командантот на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Владимир Симоновски ќе присуствуваат на одбележувањето на Денот на пожарникарството.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.