• Latest

Арсовски: Нашиот единствен пат не е да се двоиме и да останеме секој во својата различност безбедни, туку безбедноста да ја бараме во откривањето на различностите

May 22, 2021
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025

ЦИВИЛ: Време е за одговорност – демократијата е во опасност!

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Арсовски: Нашиот единствен пат не е да се двоиме и да останеме секој во својата различност безбедни, туку безбедноста да ја бараме во откривањето на различностите

May 22, 2021 10:49
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Несомнено е дека различностите се огромен предизвики богатство, токму во уметноста и во културата, поради тоа што се збогатува изборот, се збогатуваат можностите на уметникот да биде поширок, да биде посеопфатен, да биде побогат. Во историјата имаме многу такви примери, во музиката, во литературата, во сликарството, познати се патувањата на Пол Гоген, којшто го напуштил семејството само за да запознае различен свет, и неговиот опус е познат по неговите дела од Тахити… Познати се големите патувања на француските писатели, Албер Ками, којшто добар дел од својот живот го поминал во Алжир, Мароко… Што значи дека потребата да се запознае различноста, нови светови,  нови размислувања, нови обичаи, нови луѓе, е огромна потреба кај уметникот, вели актерот Перо Арсовски на панелот на ЦИВИЛ „Општествената одговорност на уметниците во промовирањето на европските вредности и почитувањето на различностите“.

Позната е една цела ера во француската култура, којашто е обележана со увоз  на различни култури од различни континенти, различни светови, така што, со тоа французите се гордеат бидејќи ја збогатиле својата култура и својата уметност.

Што се однесува до должноста на уметникот да биде активен во сите општествени случувања, тука немам никаква дилема, бидејќи нашата должност како јавни личности, како луѓе кон кои е вперено вниманието на јавноста, сме одговорни за се што ќе направиме, се што ќе кажеме, се што ќе советуваме, и мора да бидеме мудри, и внимателни, какви последици тоа може да предизвика не само кај младите, туку и кај возрасните. Има и негативни примери, тоа се луѓе кои се водени од некакви други, темни мотиви, коишто никако не можам да ги објаснам, и мислам дека треба да се земат како лош пример, во историјата. Но, повеќето од уметниците се залагаат за откривање на различностите, како што е нашата тема, за збогатување на културата и уметноста, и за правдата и вистинските решенија и однесувања во општеството. Познати се ставовите на еден Емил Зола, кој поминал една година во затвор заради својот став за аферата Драјфус, но не попуштил, и ден денес, треба да се зема како пример за тоа како еден уметник треба да биде одговорен пред општеството.

Сметам дека во денешно време, единствениот наш пат не е да се двоиме, и да останеме секој во својата различност безбедни, туку безбедноста да ја бараме во откривањето на различностите, во почитувањето на разликите во ова општество во кое живееме, запознавајќи ги тие разлики, ќе создадеме еден заеднички свет, кој ќе го засакаме. Сигурно дека ќе го засакаме, затоа што тие богатства коишто се тука околу нас, не смееме да ги оставиме неоткриени и незапознаени.

Вие спомнавте едно мое искуство и јас се сеќавам на едно такво време кога навистина бевме среќни со тие различности, ние ги баравме, ги откривавме, прашувавме, уживавме ако влеземе во едно, како што ме потсети Кристина, во едно различно општество, од други националности , па ќе чуеме друг јазик, па ќе видиме други обичаи, па ќе чуеме други песни, друга музика, други приказни. Така што живеевме заедно и среќни, откривајќи ги тие различности.

Се разбира дека ние повеќе стремиме кон европските вредности, отколку што тоа го прави политиката, јас се согласувам со колегата дека политиката е нешто што не се радува баш на овие различности и на улогата на уметноста во денешното општество, токму поради тоа што со самата своја природа, политиката сака да има што повеќе поврзаности кон својата политика, но уметноста и е дежурен кртизер. Како што кажа Дерала, уметноста е водачот. Уметницит се тие коишто народот ги следи и ги слуша, тоа се тие мудрости кои и покрај настојувањето на политиката сите да ги вкалапи и да ги придобие на своја страна, се по потценети, и вистинските луѓе кои оставаат печат на ерата. Така што, се согласувам со Агим дека е тоа богатство, различностите се богатство, различните мислења се пожелни, за да може да се дојде до еден заеднички живот којшто е различен и богат. Јас би ставил знак на еднаквост меѓу различноста и богатството. Не е тоа куп економски богатства, на пари…Различностите сами по себе се богатство, и го збогатуваат животот, затоа што ни сме живи суштества, парите може да дојдат и да се потрошат, но колку е богат нашиот живот, се мери според тоа колку сме доживеале, колку сме пропатувале, колку луѓ сме запознале, колку различни светови сме откриле, колку книги сме прочитале, колку сме среќни со тоа наше богатство од различности.

Дијана Тахири

камера: Атанас Петровски

реализација и монтажа: Ариан Мехмети

фотографија: Горан Наумовски


Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ