• Latest

Иванова: Излегувањето од примитивизмот ќе ни дозволи нам и на нашите деца да изградиме цврсти вредности

May 22, 2021

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Иванова: Излегувањето од примитивизмот ќе ни дозволи нам и на нашите деца да изградиме цврсти вредности

May 22, 2021 12:49
in МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Треба конечно да се напушти она ниво на прифаќање и одредување флоскули, односно, истите треба да се имплементираат во општеството како едни од најважните вредности за градење на цврсти темели, особено за новите генерации, затоа што токму тие разлики во цивилизациските вредности, во културата, во начинот на домашното воспитување, се еден вид на егзотика, и на тој начин всушност треба да гледаме на сите тие разлики, затоа што тие разлики, особено во уметноста, во креирањето на музичките производи, но и во културата, се нешта кои ни помагаат да ги прошириме нашите хоризонти, да стигнеме до една егзотика која на вистински начин ќе комуницира помеѓу креаторите и публиката, и на тој начин конечно да оствариме еден заеднички јазик, кој нема да се занимава со тоа кој на која етничка група припаѓа. Ниту пак некого ќе интересира зошто одредена група луѓе се однесуваат вака или онака, односно ќе се напушти таа потреба да се вперува прстот дека одредени прашања во општеството се всушност, заради тоа што одреден поединец, со одредено девијантно однесување,припаѓа на одредена етничка заедница вели пијанистката Дуња Иванова на панелот на ЦИВИЛ  „Општествената одговорност на уметниците во промовирањето на европските вредности и почитувањето на различностите“.

 

Во Европа нема место за такви национал-шовинистички призвуци, и конечно, излегувањето од тие ровови, од тој примитивизам, ќе ни дозволи нам, и на нашите деца, да изградиме цврсти вредности во кои тие ќе уживаат, како фундамент на општеството. Сметам дека токму музиката, уметноста воопшто, и спортот, се најмоќното оружје за креирање на јавното мислење. Секако дека политичките лидери за жал, се уште ја имаат најголемата улога во овој сегмент, но сметам дека време е да се напушти сето тоа и дека конечно, уметноста ќе биде онаа која ќе им помогне на сите луѓе да се грижат за суштината, наместо за формата. Особено преку музиката како еден од највлијателните медуми, особено што во последно време и помеѓу помладите композитори, но и претставницитена средната генерација, веќе се осмелуваат да зборуваат преку музиката затоа што конечно, сфатија дека копањето во старите проблеми и одново актуелизирање на некакви примитивни вредности, не носи кон никаков прогрес.

Мислам дека треба сите да прифатиме дека различностите се егзотика и дека нема место за зборување, и како што рече г. Агим Пошка, навистина е смешно што ние се уште дебатираме и се разубедуваме на оваа тема.

Моќта кај уметниците и воопшто кај оние кои создаваат уметност, е да ги користат производите на културата како еден медиум. Да се обраќаа, да убедуваат, да корегираат девијантни појави во општеството, и да привлечат кон себе што повеќе публика која ќе им верува. Затоа што единствено на тој начин, затоа пто музиката какоуметност која комуницира најблиску и најдиректно со човекот, и не само преку сетилата, не само преку емоциите, затоа што пренесува силна содржина… Верувам дека е најмирољубивиот начин за разрешување на некои тешки општествени прашања.

Јас како музички изведувач, секогаш, и во минатото, и сега, сум музицираласо најразлични состав, дали тоа биле камерни или други оркестри, па дури и кога соработувам со одредени композитори, секогаш сакам да научам нешто поинакво, нешто ново, нешто различно од тоа што јас го перципирам. Меѓутоа, јас не можам да ги сведам тие разлики единствено на тоа дека некој припаѓа на некоја одредена етничка заедница, или се моли на овој или оној Бог, затоа што кога ние создаваме музика, за нас не постојат граници, за нас во тој момент е важна музичката форма , музичката содржина, и сите разлки кога ги споделуваме меѓу себе, всушност ни помагаат подобро да го разбереме делото, и истото да го споделиме со јавноста.

Мислам дека единствениот модус е да покажеме свој личен пример во секојдневниот живот, не само промоција на убаво срочени мисли и пораки, туку нешто што практично ќе го покажеме. Уметноста е најмоќниот медиум, и ако успееме еден човек да промениме во своите примитивни мислења и  разлики кои се уште за жал постојат, мислам дека сме на правиот пат.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Фотографија: Биљана Јордановска

Реализација и монтажа: Ариан Мехмети


Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ