Во 11:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Во 11:00 часот ќе се одржи работилница за примена на Кодексот за етичко однесување на пратениците
Во 09:00 часот заменик – претседателот на Владата, Фатмир Битиќи во работна посета во Република Косово, каде ќе се сретне со министерката за трговија, претриемништво и индустрија, Розета Хајдари, по што ќе учествува на регионалната економска конференција „Економско влијание и последици од кризата“.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во работна посета на Република Полска, каде ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Збигњев Рау.
Командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи во официјална посета на Република Северна Македонија.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.