ЦИВИЛ организира јавен настан на тема „Европските вредности – (не)возможна мисија: Еднаквоста, недискриминацијата и мултикултурализмот низ призмата на политиките и практиките на национално ниво“ денес во хотел Парк Резиденс (сала Њујорк), со почеток во 13 часот.
Учесници на настанот ќе бидат вицепремиерот Артан Груби и националниот координатор за интеркултурализам, Роберт Алаѓозовски. Модератор на настанот ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ
Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе одржи средба со амбасадорот на Казакстан, Жанибек Абдрашов во 10:00 часот.
Во 12:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Законодавно-правна комисија.
Средба на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, пред нивното заедничко заминување за Рим во 11:00 часот.
Претседателот Стево Пендаровски ќе престојува во посета на Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.
Во 17:45 часот ќе се одржи прес-конференција на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.
Скопје – Советот на Град Скопје ќе ја одржи 71-та седница во 11:00 часот
Транспаренси Интернешнл-Македонија и Државната комисија за спречување на корупција ќе го презентираат Извештајот од мониторингот на имплементацијата на препораките од извештајот за проценка на ранливост од корупција при процедурите за вработување во јавниот сектор во 13:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.