Претседателите на Република Северна Македонија Стево Пендаровски и на Република Бугарија Румен Радев заеднички ќе оддадат почит на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи средби со албанскиот и со косовскиот омбудсман, Еринда Баланца и Наим Ќелај во 13:00 часот.
Претседателот на Собранието Талат Џафери на проштална средба со Сали Мурати, претседател на Уставен суд во 14:30 часот.
Собранието ќе ја одржи 42 седница во 11:00 часот по што ќе следи седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата во 12:30 часот.
Во 10:00 часот ќе се одржи седница на Буџетски совет на Собранието на Република Северна Македонија.
Во 12:00 часот Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“ Ардијан Муча ќе одржат прес-конференција.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков ќе одржи прес-конференција во 11:00 часот.
Во 11:00 часот ќе се одржи конференција „Историјата може и да зближува“ во организација на здружението Мировна акција – Aksioni Paqësor и Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.