• Latest

Скопје и Софија согласни дека е потребен конструктивен дијалог и дека европската иднина на С. Македонија има перспектива

May 28, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Скопје и Софија согласни дека е потребен конструктивен дијалог и дека европската иднина на С. Македонија има перспектива

May 28, 2021 09:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската иднина на Северна Македонија има перспектива и двете држави треба да работат со уште поголема доверба и дијалог, кој треба да се води меѓу рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит за да се постигне напредок и прогрес, порачаа вчера од Рим македонскиот и бугарскиот претседател Стево Пендаровски и Румен Радев. Потребата од дијалог меѓу двете земји и изнаоѓање заемно прифатливи решенија беше потенцирана и во телефонски разговор меѓу премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев.

– Тоа што сме денеска заедно со Радев не е случајно. Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, политичари кои може да зборуваат со европски јазик, за предизвиците, но и за иднината. Во Радев најдов соговорник со кој можам да зборувам на ист јазик, европскиот, што може да донесе посветла иднина за нашите две земји, истакна Пендаровски во Рим.

Тој нагласи дека заедничкото чествување на Кирил и Методиј е нова динамика во билатералните односи, со што се надминуваат националните и религиозните граници и изрази надеж дека во годините и месеците што се пред нас стојат многу подобри денови и пред Северна Македонија и пред Бугарија.

Радев пак нагласи дека Бугарија е подготовена да работи на изградба на мостови меѓу двете држави за развој на економските, трговските, образовните, културните врски и за зближување меѓу луѓето.

– Исклучително силна порака е што од ова свето место базиликата „Санта Марија Маџоре“ претседателите на Бугарија и Северна Македонија испраќаат јасна порака кон нашите граѓани за соработка, доверба и пријателство. Таа порака е многу силна, рече Радев.

Според Радев, во разговорите за надминување на проблемот меѓу Северна Македонија и Бугарија нема потреба од европски посредници, бидејќи „никој од нас подобро не ја знае нашата историја“.

– Решението на проблемите зависи од нас, од конструктивниот дијалог врз историски документи и извори на кои ќе работи заедничката комисија. Комисијата ќе се занимава со историјата, но најважно е ние на високо политичко ниво да ги преземеме потребните чекори. Овие чекори не поминуваат низ другите европски метрополи и од таму во никој случај да не се врши притисок врз Бугарија. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние мора да бараме одржливо и неповратно решение, изјави Радев.

Дека политичките лидери на двете земји имаат одговорност да создадат услови за дијалог и за конструктивни разговори, се согласија во телефонски разговор и премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев, кои се согласиле дека е потребно вложување на сите напори за разговори и за заемно прифатливи решенија.

Премиерот Заев во интревју за неделникот „Фокус“ порача дека ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка. Во врска со изјавата на Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси, Заев порача дека земјава нема дилеми за испорачување на гаранции, додавајќи дека „ако се мисли на краткото и долгото име, Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија и точно се однесува на државата без никакви територијални претензии ниту кон Бугарија, ниту кон другите соседи“.

– Дефинитивно, мислам дека претседателот Радев, кој е европски лидер, може да направи позитивен исчекор, со што ќе даде шанса на нашето пријателство да се развива и да биде поголемо наместо да остави трага меѓу двата народа, оцени Заев изразувајќи задоволство од поднесените креативни форми на предлози кои министерот за надворешни на Португалија Аугусто Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји неодамна ги соопштија по посетата на Софија и Скопје и надеж дека на крајот на денот Европската Унија ќе го испорача она што го очекуваме.

За предлогот на опозицијата да се напушти Договорот со Бугарија и да се направи нов, со повеќе меѓународни гаранции, премиерот Заев изјави дека е многу несериозно да се откаже договор, кој веќе почна да се реализира и за кого има уште многу да се направи, притоа повторувајќи дека идентитетот и јазикот се познати црвени линии, за кои ниту Владата ниту Унијата можат да разговараат и да ги менуваат.

Словачкиот амбасадор во земјава Хенрик Маркуш вчера порача дека местото на Северна Македонија е несомнено во ЕУ и оти промената на името на земјава не било наградено со почнување на вистинските преговори за членство.

-Правењето на Европа на едно подобро место, особено во вашето справување со добрососедските односи, беше придонес без преседан особено со промената на името на вашата земја тоа не беше наградено со најлогичниот резултат – почнување на вистинските преговори за членство, рече Маркуш, додавајќи дека земјава служи за еден од најдобрите примери и дека „мораме да ја осмислиме нашата заедничка европска иднина на многу подобар начин отколку што тоа се правеше досега“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ