Движење за демократија права и слобода (ДПС) е нова политичка партија основана во Битола на 21 мај 2021. За претседател е избран Едип Јакуповиќ, претставен како долгогодишен борец за човекови прав и граѓански активист.
Како што стои во соопштението на ДПС членови на пратијата се нови луѓе без претходен политички багаж кои ќе се залагаат за вреднување на демократските принципи и начела.
Од ДПС најавија и презентација на програмските определби на партија меѓу кои се и развој и просперитет на независна и суверена Република Северна Македонија, членство во ЕУ и други стратешки цели за Република Северна Македонија, градење на пријателство и добрососедски односи со сите соседни држави, заштита од дискриминација на секаков тип на ранлива категорија на организации и граѓани, поддршка и соработка со НВО секторот и други.
Политичката партија ДПС се најавуа како нова граѓанска опција во Република Северна Македонија.