• Latest

Вицепремиерот Димитров стана член на реномираниот Европски совет за надворешни односи

May 28, 2021

Онлајн настава во четири училишта во Гази Баба поради пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(БИДЕО) Келог: Ако Путин победуваше, ќе беше во Кијив, западно од Днипро, на Одеса, и ќе ја сменеше владата – Русија губи

September 15, 2025
Фотографија: Unslash

Локални избори во Германија: Германија: ЦДУ на Мерц е на пат да победи во Северна Рајна Вестфалија, АфД остварува голем напредок

September 15, 2025
Фото: Сјриншот од видео на Game Play

Нетанјаху е единствената пречка за враќање на заложниците дома, велат семејствата на киднапираните Израелци

September 15, 2025

Осумнаесет кандидати пријавени за изборната трка за градоначалник на Скопје

September 15, 2025

Дводневен притвор за четири лица осомничени за пожарот во Трубарево

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на MIRROR NOW

Старлинк на Маск не работи на целата фронтовска линија во Украина, интернет услугата претрпе глобален прекин

September 15, 2025
Фото: Фејсбук група „Стоп за Вардариште“

Стоп за Вардариште: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци”, бараат трајно решение за депониите

September 15, 2025
Прес конференција, 13 септември (фото извор: видео снимка на МВР)

Манипулативна злоупотреба на поимот „хибридни напади“: Кога државата си измислува непријатели

September 15, 2025

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Вицепремиерот Димитров стана член на реномираниот Европски совет за надворешни односи

May 28, 2021 13:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вистинска чест е да ја добијам оваа лична покана која ја прифатив со огромно задоволство, бидејќи можноста да соработувам одблиску со колегите од Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР), кои се ценети мислители и креатори на глобални одлуки е голема привилегија, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров по повод поканата од ко претседавачите на ЕЦФР, со која стана официјален член на оваа водечка меѓународна тинк-тенк организација посветена на европската надворешна и безбедносна политика.

По тој повод, вицепремиерот Димитров денеска во Скопје се сретна со заменик-директорката на ЕЦФР и раководителка на канцеларијата во Софија, Весела Чернева, со која разговараше за неговата улога како член во Советот и оптимизирање на можностите за соработка.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Димитров се заблагодари за честа да се приклучи на престижниот ЕЦФР и изрази уверување дека ќе работи посветено за да придонесе кон исполнување на мисијата на оваа уникатна платформа за поврзување на убедените Европејци.

– Верувам дека моите и лични и професионални цели, вредности и принципи се усогласени со оние на ЕЦФР, насочени кон создавање подобра, посигурна, побезбедна Европа за доброто на сите граѓани. Особено во време кога се соочуваме со сериозни глобални предизвици и настани кои менуваат светски текови и ги преиспитуваат столбовите на меѓународниот поредок, изјави Димитров.

Во име на  ЕЦФР и од свое лично име, Чернева го пренесе задоволството за прифаќањето на поканата за вклучување на Димитров во Советот и нагласи дека е прилика за заедничко делување во насока на зацврстување на вредностите на меѓународниот поредок, но и зближување на Европа и застапување на европската иднина на Западниот Балкан.

– Преку членството во Советот на ЕЦФР кое се надоврзува на неговите професионални ангажмани, вицепремиерот Димитров ќе продолжи да се залага за европската иднина на Западниот Балкан, се додава во соопштението на СЕП.

ЕЦФР ги обединува најистакнатите високи претставници и експерти од областа на надворешната политика, во стратешки ориентирана пан-европска заедница посветена на развивање политики засновани на вредности, унапредување на стабилноста и сигурноста на Европа. Актуелни претседавачи на Советот се Карл Билд, поранешен шведски премиер и специјален претставник во мисии на ОН и ЕУ, д-р Лик Фрајс, директорка на данскиот тинк-тенк Европа и Норберт Ротген, германски пратеник и претседател на Комитетот за надворешни работи на Бундестагот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ