• Latest

Седница на Комисијата за ЈПП: Сите важни теми за стопанството се дискутираат директно со претставниците на стопанските комори

May 28, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Седница на Комисијата за ЈПП: Сите важни теми за стопанството се дискутираат директно со претставниците на стопанските комори

May 28, 2021 15:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата на вработените во реалниот сектор, мерењето на надворешната трговија кога станува збор за производи и услуги на ИКТ индустријата, Законот за субвенционирање придонеси при исплата на повисока плата до 6.000 денари, Законот за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, поддршката на преработувачите на пченицата и  намалувањето или укинувањето на пара фискални давачки и реформите во даночниот систем, беа темите на денешната редовна месечна седница на Комисијата за јавно-приватно партнерство.

Седницата се одржа во Владата, со неа ко претседаваше вицепремиерот Фатмир Битиќи, а присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Аријанит Хоџа, заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, заменик министерот за економија Зоран Маневски, заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, како и претседателите и извршните директори на четирите најголеми стопански  комори, членки на Платформата за јавно-приватно партнерство: Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на северозападна Македонија и МАСИТ.

Министерот за здравство Филипче информираше дека процесот на вакцинација се одвива непречено, вакцини има доволно за сите кои се пријавуваат за вакцинирање, а се работи на набавки на нови количини за процесот да се одвива непрекинато. Тој додаде дека многу брзо ќе пристигнат нови количини „Фајзер“ „Синовак“ и „Астра Зенека“, така што ќе се обезбеди континуиран процес на вакцинација за граѓаните во кои спаѓаат и вработените во компаниите членки на коморите.

Во однос на Законот за субвенционирање на придонесите во случај на исплата на повисока плата до 6.000 денари, Битиќи посочи дека аплицирањето на компаниите за добивање поддршка преку оваа мерка е многу едноставно и е направено да нема оптоварувања со дополнителни административни обврски. Компаниите ќе може да ги користат придобивките од законот до 31 октомври  2022 година. Преку овој Закон, донесен во 2019 година, беа стимулирани компаниите да ги задржат своите вработени и  да им ја зголемат платата, а притоа да немаат товар за зголемување на придонеси кон државата, што би бил дополнителен стимул за вработените. Заменикот министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин информираше дека за оваа мерка досега вкупно се исплатени 2 милијарди и 880 милиони денари за вкупно досега 1.888.383 осигуреници.

На средбата се истакна потребата да се воведат стандарди за мерењето на извозот и увозот на услуги по земји, при што се нагласи дека е од суштинско значење овие податоци да бидат јасно диверзифицирани од останатите, за да се усогласат домашните статистички истражувања со меѓународните стандарди.

На седницата се разговараше и за искористување на потенцијалот на обработливото државно земјиште, со цел постигнување поголем ефект од земјоделството, како една од клучните економски гранки, а стана збор и за изнаоѓање системски решенија за поддршка на преработувачите на пченицата, за да се стимулира и овој дел од преработувачката индустрија.

Присутните дискутираа и за процесот на укинување или намалување на пара фискалните давачки кој е во тек, како и за идеи за одредени даночни реформи кои би се донесувале во широки консултации и со соработка со сите засегнати страни.

Состаноците на Комисијата за јавно-приватен дијалог се одвиваат редовно, најчесто еднаш во месецот, во последната недела од месецот, а на нив се дискутираат сите прашања и барања на коморите, како и активности кои се важни за подобрување на бизнис климата и побрз и одржлив економски развој.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ