• Latest
Photo by Michal Czyz on Unsplash

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Османи, Царовска, Радев, Заев…

May 28, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

ИЗЈАВИ НА ДЕНОТ: Османи, Царовска, Радев, Заев…

May 28, 2021 19:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Photo by Michal Czyz on Unsplash

Photo by Michal Czyz on Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Османи: „Преспа форум за дијалог“ е проект за европеизација и дебалканизација на регионот

„Во ова политички динамично време на алтернативни сценарија на Балканот кои од различни страни пристигнуваат преку различни форми на пејпери и нон-пејпери, сметам дека сездадовме автентична, наша платформа која испраќа силен и прецизен одговор за тоа каде му е местото на регионот и како до таму. „Преспа форум за дијалог“ е токму тоа“, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи на панелот „Патот до Преспа форум за дијалог“ во организација на МНР како воведен настан за претстојниот Преспа Форум дијалог кој ќе се одржи на 1 и 2 јули 2021 година.

„Преспа, форум, дијалог“ се наоѓа суштината на трите наши договори од која Северна Македонија се препознава како уникатен пример во поширокиот регион. Тоа се Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство со Бугарија и Договорот за стратешко партнерство со Грција познат како Преспански договор. Трите договори претставуваат силен внатрешен и меѓународен легитимитет и се широко прифатени и дома и меѓу нашите меѓународни пријатели. Во нив се препознаваат силни политички принципи и вредности кои имаат универзално значење. Пред се храбрите политички чекори во изградба на долгорочни и стабилни компромиси. Суштинска примена на инклузивноста во надминување на разликите помеѓу различните групи, меѓусебно почитување, политичко и дипломатско трпение и пред се позитивниот пристап во изградба на пријателства помеѓу соседите во најширока смисла на зборот.

Заев: Мнозинскиот модел што го бара опозицијата е уназадување

„Далеку од изборите без притисок на парламентарни избори се разговара за неколку нови модели. Ние поддржуваме една изборна единица. Како мултиетничко општество сме убедени дека треба да дадеме шанса на една изборна единица што ќе значи диверзификација или поголема разноликост на Парламентот, ќе ја скроти или ќе ја ограничи моќта на шефовите на поголемите политички партии  и ќе ја унапреди демократијата во државата, а ќе гарантира поголема застапеност и на помалку бројните етнички заедници, но и на помалите партии. Опозицијата, од генерално последното што го слушнав, бара мнозински модел. Тоа е уназадување според нас. Но, нека разговараат тимовите, па ќе ги слушнеме сите аргументи“, истакна премиерот Заев.

Радев: Бугарија сака што поскоро да ја види Северна Македонија на европскиот пат

Претседателот на Италија, Серџо Матарела е целосно солидарен со нашиот став за пристапување на Република Северна Македонија и Албанија во Европската Унија, изјави шефот на бугарската држава Румен Радев по средбата во Рим со неговиот италијански колега.

„Сите сакаме да ги видиме овие земји на нивниот европски пат што е можно поскоро. Јас многу јасно ја објаснив бугарската позиција дека ќе напредуваме кога самите земји ќе покажат јасно и неповратно дека ги исполнуваат критериумите“, рече Радев.

Царовска: Квалитетното образование е инклузивно, новата концепција тоа го обезбедува

„Ние веруваме дека новата Концепција за основното образование се потпира на инклузивноста како еден од главните столбови и дека токму затоа во делот на инфраструктурата интензивно вложуваме за да може да ги постигнеме заеднички целите, а тоа се квалитетно и достапно образование за секој ученик, за секој оној којшто влегува во процесот на образование да може да ги постигне максималните потенцијали кои што ги поседува“, напомена Царовска.

Д.М

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ