• Latest
Агрон Биба

Тап и Танап

May 30, 2021

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Тап и Танап

May 30, 2021 14:24
in ЕКОНОМИЈА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Агрон Биба

Агрон Биба

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АГРОН БИБА

ТАП и ТАНАП се двата поврзани гасоводи кои го доведуваат природниот гас од Азербејџански Шах Дениз до западноевропските земји преку јужна Италија.

Како замена на неуспешниот проект на гасоводот НАБУКО, ТАП и ТАНАП се резултат на тектонските потреси на енергетскиот пазар и ослободување од монополот на ГАЗПРОМ во Балканот и пошироко.

Се сеќава ли некој на песната „Ти си моја чоколада“ од групата Идоли и се сеќава ли некој воопшто на итриот министер нит лук јал, нит лук мирисал Зоран Ставрески?!? Се сеќавате сигурен сум,  каков договор потпиша Зоран Ставрески во функција на министер на влада на 23 јули 2013 со господинот министер за енергетика на Руската Федерација, Александар Валентиновиќ Новак!

Сигурен сум дека се сеќавате, и нема потреба да ве потсетам. Сите во нашава Република ги знаеме интересите на ЕУ и НАТО алијансата напамет, и знаеме дека овој договор беше тотално спротивен на тие интереси. Се молат господата челници на нереформираната ВМРО да го преиспитаат овој момент и овој датум, и да се произнесат за овој склучен договор од нивна страна и да ја усогласат нивната ЕУ и НАТО насока и политичка определба. Да не бидам погрешно разбран, нивниот тогашен владин партнер да си ужива како тогаш така и сега, да не се произнесува, ова е глобална геополитика, е вон тендербег интересите, нив не ги засега. Овој датум го засега само ЕУ, НАТО, и Соединетите Американски Држави.

ТАП и ТАНАП е во стварност идеја наследничка на неуспешниот гасовод НАБУКО. Гасоводот НАБУКО е именуван по истоимената опера од Џузепе Верди, кој за главен лик го има Вавилонскиот крал Набукодоносор, кој Србите нагалено го викаат Необучен-до-зоре.

Зошто баш НАБУКО?

Затоа што претставниците на петте компании кои се договараат во Виена за гасоводот (ОМВ од Австрија, МОЛ ГРУП од Унгарија, БУЛГАРГАЗ од Бугарија, ТРАНСГАЗ од Романија и БОТАШ од Турција), после потпишувањето на договорот одат заедно во Виенската државна опера и ја слушаат Вердиевата опера НАБУКО. НАБУКО никогаш не се реализира, и Азербејџанскиот гас, наместо да стигне до Австрија, преку Турција, Грција и Албанија, пристигнува во јужна Италија. Штета е, ќе признаете, што не поминува низ Македонија, но голема е радоста што и покрај големото грчко дипломатско-економско противење, сепак ТАП успешно поминува низ Албанија.

Зошто би била радоста голема во Република Северна Македонија, ако нешто позитивно се случува во Република Албанија? Па нели сме врзани како сијамски близнаци за влез во ЕУ и тоа што е позитивно за едниот близнак, треба да важи и за другиот, така?!? Загрижени сте заради нон пејперот на Јанез Јанша? Искрено и јас сум загрижен, но мислам дека неговиот (и на неговите ментори) нон пејперот има важност и можност да се исполни колку и договорот на Ставрески и Новак од 23 Јули 2013 година. Каква е таа обратно од паметна смелост на Јанез Јанша? Зарем не се прелеаја доволно балканските реки со балканска крв на луѓе кои имаа свои (сега веќе растурени) фамилии?!? Недоволни ли беа балканските страдања без разлика на вера и нација?!? Уште ли ни требаат војни, и сега длабоко зацапани во 21 век, кога веќе и првата интернет генерација станаа татковци и мајки?!? Немаме ли ум, човечки, доблест човечна, паметни, културни, напредни, модерни и либерални политичари на Балканов? Како тогаш, со каков ум ќе одиме и ќе бидеме дел од ЕУ?!?

Гасоводните цевки се новите реки за човечкиот и човечниот напредок на Балканот кон ЕУ. Тие треба да течат насекаде и од секаде, не треба да има монопол од никого.

Во Trans Adriatic Pipeline или скратено ТАП учествуваат, БП (20%), СОКАР (20%), Снам (20%), Флуксус (19%), Енагас (16%) и Акспо (5%).

За полесна и поширока информација околу гасоводот ТАП, ова е нивната веб страница: www.tap-ag.com.

Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска, веќе се пред започнување на проектот Јонско Јадрански Гасовод (ИАП), кој би почнувал од Фиер Албанија, до Сплит Хрватска. Македонија веќе соработува со Грчката фирма ДЕСФА, за интерконекција, врска за која е заинтересирана и Косово.

Во едно минато време, охридски Отекс, произведуваше прекрасни ќебиња, за кои ние, Охриѓани, велевме ако некој се самопосрамотеше:

– Купи си едно ќебе од Отекс и покриј се з’ш се испрска од срамој искажани!

На сите тие кои го пуштија во оптек и му се радуваат на нонпејперот, им предлагам да си најдат по едно охридско ќебе произведено од Отекс – Охрид.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ