ЦИВИЛ во живо со Џабир Дерала, зошто протестираат антидигиталците, зошто говор на омраза, до кога со црната пропаганда, можеме ли заедно, и уште многу прашања во дневниот видео прилог.
Колку пати се запрашавте денеска:
Зошто сме заглавени на овој чардак, ни на небо, ни на земја?
Има ли крај за неизвесноста, несигурноста и стравот со кои секој ден ни се заканува црната пропаганда?
Зошто некои луѓе попрво им веруваат на очигледни лаги, отколку на фактите?
Зошто навидум пристојни семејни луѓе во години пцујат и се закануваат како пијани разбојници по социјалните мрежи?
Зошто протестираат антидигиталците? Дали можеби образовните реформи требаше да се случат кога антидигиталците беа во прво одделение?
Зошто младите не се заинтересирани за изборите? Зoшто секогаш се гласа против, а не за?
Зошто некој што треба да ја брани државата работи само за партиски интереси?
Зошто некои партии се противат на законот за служба во Армијата?
Дали нивните мотиви се исти како и оние кога го блокираа законот за Јавно обвинителство?
Се разбира, остануваат неодговорени стотици други прашања. Како она за милионите евра со непознато потекло што се слеваат во дел од македонските медиуми за спроведување црна пропаганда.
И бројката од 160 медиуми што се вклучени во антизападна и антимакедонска црна пропаганда… Како ли се финансира толкава машинерија?
Има уште многу прашања. Одгoворени и неодговорени. Важно е да се поставуваат прашања, колку што е важно да се бараат одговорите.
Еве, едно од тие прашања е и “Можеме ли заедно?” на кое ќе се обидеме да добиеме одговор в среда. Но, за тоа повеќе на Цивилмедиа.мк