„Би рекол дека граѓанскиот отпор против авторитарниот режим на Груевски беше поддржан од граѓанските организации, политичките партии, оние на тогашната опозиција подоцна се вклучија. Би рекол ние први почнавме, а не обратно“, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
„Ако сте биле активист во било која смисла на зборот, би требало да знаете малку повеќе да се служите со факти и да се информирате како функционира, на пример, Амнести Интернешнл, кој и како се залага за човекови права и слободи, бидете сигурни дека вашите права никогаш не биле занемарени, како од нашата организација, така и како член на Амнести Интернешнл повеќе од 22 години. Секогаш сме се бореле за универзалните човекови права“, реплицираше Дерала на соговорникот Бобан Илиевски, кој сакаше да ја искоментира улогата на Амнести и што тие направиле за човековите права.
На прашањето за обвинетите за 27 април, амнестирањето и дали нивните човекови права се почитувани, Дерала изјави дека прашање е колку дел од амнестирание луѓе, се всушност тие што би требало да бидат оние што требало да се соочат со обвинение.
„Многу е јасно дека имате ситуација дека еден дел од тие луѓе беа заблудени, беа со месеци терани и хушкани во крвав напад на Собранието и сакаа да убијат пратеници, новинари, лидери на политички партии. Јас сум убеден дека еден дел од оние што се архитекти на тој напад денес шетаат на слобода и уште пропагираат национализам. Мислам дека еден од нив сте и вие“, истакна Дерала, обраќајќи му се директно и на соговорникот Илиевски.
„Ти, Богдане, беше националистички мегафон тогаш и сè уште си тоа. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ. Исти бевте тогаш, исти сте и сега“, рече Дерала.
„Вие секој ден малтретиравте јавност и ги хушкавте луѓето, ги заплашувавте со Тирански платформи, со предавства, со сето тоа што ви е во арсеналот и ден денес. Додека светот оди напред, вие стоите во место!“, рече Дерала обраќајки му се на Илиевски, познат како Бетмен велит.
Б. Ј.