„Мојот став за создавање на Илирида, е непроменет. Во секоја заедница има радикални идеи. Кога вие ќе кажете Голема Алабанија, Голема Македонија и слично, тоа кажува дека секогаш сте расположени за војна. Јас отсекогаш сум против такви ставови“, изјaви Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во емисијата „Само виситина“ на Канал 5 телевиизија.
„Повикување на авантури од тој тип му припаѓа на минатото. Таквата идеја ќе биде со краток век. Од време на време ќе се појавуваат. Сметам дека нашата земја страда од големи недостатоци во доменот на правдата. Нешто за кое секојдневно повикуваме и бараме сериозни реформи токму во правдата“, изјави Дерала.