• Latest

На АП Криволак презентирани лесните тактички оклопни возила на „Oshkosh Defense“

June 1, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

На АП Криволак презентирани лесните тактички оклопни возила на „Oshkosh Defense“

June 1, 2021 16:28
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Армискиот полигон Криволак денеска беа презентирани моделите на лесните тактички оклопни возила на производителот „Oshkosh Defense“ за кои е планирано да станат составен дел од капацитетите на Армијата на Република Северна Македонија.

На презентацијата меѓу другите беа присутни и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменик-началникот на Генералштабот генерал-мајор Азим Нуредин.

Заменик-началникот на ГШ на Армијата на Република Северна Македонија нагласи дека еден од клучните фактори за модерна и ефикасна армија способна за извршување на мисијата од Уставот на Република Северна Македонија и успешно извршување на мисиите во рамки на НАТО е опременоста.

фото: Фејсбук профил на Радмила Шекеринска

– Генералштабот заедно со Министерството за одбрана навремено ги согледа потребите за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна М што паралелно со проекциите за буџетот и планот за трансформација се правени проекции за потребните материјално-технички средства и борбена опрема. По полноправното членство во НАТО со добивање со пакетот на цели на способности и квалитативни цели јасно ги дефиниравме очекувањата и приоритетите за опремувањето и модернизацијата на Армијата, процес што се одвива и ќе се одвива согласно предвидената динамика, а врз основа на долгорочниот план за развој на одбранбените способности 2019-2028 и согласно Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста, рече Нуредин.

фото: Фејсбук профил на Радмила Шекеринска

Тој нагласи дека опремувањето со современи борбени возила од овој вид е од клучно значење за доизградба на постојните и за развивање на нови способности и капацитети во процесот на трансформацијата на Армијата на Република Северна Македонија, како и постигнување на потребен степен на интероперабилност и компатибилност со вооружените сили на останатите земји членки на НАТО.

Како еден од поголемите капитални проекти, наведе Нуредин, е проектот за опремување на лесната пешадиска батаљонска група со лесни оклопни возила на тркала, со што единиците ќе ги подобрат своите способности за распоредливост, мобилност, маневар, заштита на персоналот и зголемување на огнената моќ на единиците.

фото: Фејсбук профил на Радмила Шекеринска

– Врз основа на претходно споменатите долгорочниот план за развој на одбранбените способности и согласно Законот за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста во 2019 година Владата на РСМ и Владата на САД потпишаа Договор за набавка на 33 лесни оклопни возила на тркала од овој тип при што првите ги очекуваме веќе следната година, информираше Нуредин.

Тој соопшти дека е планирано опремување на единиците во состав на ЛПБГ во две фази при што во првата фаза до крајот на 2024 година со 151 лесно оклопно возило на тркала, а во следните три години уште 98 возила.

Модернизацијата на Армијата не запира. По новата лична опрема, спортска и алпинистичка опрема, АБХО, гортекс одела, инженериските машини, влечни возови, дел од армиските капацитети ќе станат и овие нови лесни оклопни возила од американско производство. Денес на Криволак се уверивме во нивните исклучителни перформанси. Така ја личи нашата Армија во НАТО, напиша министерката за одбрана Шекеринска на својот Фејсбук профил.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ