• Latest
проф. д-р Катерина Колозова

Зошто е нужна сеопфатна и научно втемелена анализа на политики за одржливи реформи во образовниот систем?

June 2, 2021

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Зошто е нужна сеопфатна и научно втемелена анализа на политики за одржливи реформи во образовниот систем?

Фокус на високото образование

June 2, 2021 13:44
in АНАЛИЗИ, ОБРАЗОВАНИЕ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
проф. д-р Катерина Колозова

проф. д-р Катерина Колозова

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КАТЕРИНА КОЛОЗОВА

Преобликувањето и прeобмислувањето на севкупниот образовен систем, и тоа на сите негови нивоа, е ставено во центарот на економското закрепнување и на јакнењето на општествената отпорност како европски пост-пандемски приоритет, усогласен со „двојната транзиција“ (дигитална и зелена) на Европската унија, која, пак самата, е усогласена со глобалните индикатори на одржлив економски развој до 2030 поставени од Обединетите нации (УНЕСКО). Образованието е во сржта на овие процеси бидејќи ги усогласува своите заложби со процесите на научна иновација, со цел и глобално, но и како континент и регион, економијата да транзитира кон потполно зелена економија. Дигитализацијата е препознаена како еден од клучните начини да се премине кон зелена и одржлива економија – целта е да се намали јаглеродниот отпечаток со намалување на непотребни патувања, користење хартија, намалена потреба од градежни зафати за активности кои може да се изведуваат онлајн, и слично.

За сево ова да стане стварност, потребно е креирање на работна сила која ќе создава нов пазар на труд и нови форми на економија, наместо произведување работна сила за постојниот пазар кој е веќе во изумирање (благодарение на глобалниот тренд на автоматизација на трудот, кој нема  да нè одмине). Овој економски натпревар на глобално ниво произлегува од научни откритија кои се, всушност, погонот на економското напредување, а овој тип на економија веќе го заменува спекулативниот (берзански) тип на глобална економија.

Од наведениве причини, државата мора да има функционална Агенција за евалуација и обезбедување квалитет на високото образование, опремена со кадри кои пишуваат и се изразуваат течно на англиски и се добро вмрежени во Европската високо-образовна област чии заложби ги разбираат и суштински а не само формално. Оваа агенција треба да соработува во тесна спрега со некоја идна агенција за мерење на научно-истражувачкиот квалитет за што треба да постави свои национални индикатори. Тие национални индикатори, пак, треба да се сообразени со европските и нивната адаптација за Западниот Балкан изразена во Планот на ЕУ за стратешко инвестирање во регионот. Националните индикатори треба да се креираат од панели создадени од локални и меѓународни академски авторитети, но предводени од експерти од областа на повеќе-проблемските политики (multi-issue policy experts).

Таков е составот на британскиот како и на останатите национални панели на напредните европски држави кои воспоставиле:

1) национални индикатори (според кои би мереле двете или една двојна агенција за квалитет),

2) национална метрика на академско напредување која веќе сега треба да се сообрази со принципите на Отворена наука и „алтметриката“ (наместо класичната биометрика, користена во базите на индексирање) бидејќи таа го мери учинокот врз стварноста на еден научник – колку неговите идеи се одразиле во креирање политики или во индустријата, колку го привлекува вниманието на студентите, колку е дискутиран од пошироката јавност и, со тоа, способен да предизвика општествена промена.

Ништо од ова нема да има ефект во стварноста, дури и да се воспостави, додека не се промени Законот за високо образование кој ја одзема автономијата од високо-образовните установи во признавањето на кредитите и дипломите од странство, и ја сместува земјава меѓу грст автократски држави кои се дел од Болоњскиот процес. Тој процес е долг, далеку од автоматски (а треба да е таков) и, со тоа, го обесхрабрува враќањето на младите со странски дипломи во земјава – непријателската клима кон нашите потенцијални повратници со дипломи стекнати во Европската образовна област (EHEA), создадена од централизиран, скап, неизвесен и бескрајно бирократизиран процес, придонесува најдиректно за постојаниот одлив на мозоци.

Постојат и други делови на законот кој мора да се изменат или, уште подобро, да се укинат сите 20 и кусур бесмислени дополненија на оригиналниот закон од 2008 а овој, пак, да се дополни со прилагодувања на дигиталната ера. Ова е предуслов да се создаде благопријатна клима за иновација, напредно образование и охрабрувачки услови за враќање на нашите дипломци од странство – или за да го продолжат своето образование овде или за да се вработат без пеколот на „нострификација“ при МОН.

Ова се повеќе-секторски процеси кои мора да се усогласат, но тоа никако нема да се случи по пат на празноговорот на разни стратегии, акциски планови, пери-носи физибилити студии туку со сеопфатна policy анализа на сите нивоа. Токму онака како што условува ЕУ Стратешкиот план за инвестиции во Западниот Балкан (COM (2020) 641 of the EC for the WB, p. 3, p. 18).

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ