• Latest

Николовски во Санкт Петербург: Се разгледуваат можности за унапредување на трговската размена со Руската Федерација

June 3, 2021

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
Фото: Скриншот од видео на
FOX 5 New York

Судот ги отфрли обвиненијата за тероризам против осомничениот за убиство на извршниот директор на „ЈунајтедХелткер“

September 16, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за скандалозната изјава на Ангелов за насилна дислокација на Ромите од Вардариште

September 16, 2025
Фото: Уставен суд

Претседателот на Уставниот суд се сретна со директорот на набљудувачката Мисија на ОДИХР за изборите, Матео Мекачи

September 16, 2025
Фото: МИА

Европските кругови сметаат дека обвинувањата на руската служба за „Српски Мајдан“ се намерно ширење пропаганда

September 16, 2025
Фото: Фејсбук статус на Томовски

Објавен телефонскиот број за пријавување злоупотреба на службени возила

September 16, 2025

Мицкоски: Подметнувањето пожари ќе се оквалификува како тероризам, итно да се преземат законски измени

September 16, 2025

(ВИДЕО) ☕ ДУПЛО ЕСПРЕСО: Руските воени провокации во Полска, убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк, дипломатскиот скандал со рускиот амбасадор во земјава и други стории

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Николовски во Санкт Петербург: Се разгледуваат можности за унапредување на трговската размена со Руската Федерација

June 3, 2021 15:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Унапредување на трговската размена, зголемување на инвестициите во повеќе области, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка меѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонските производи во Руската Федерација се темите за кои разговара владината делегација предводена од вицепремиерот Љупчо Николовски на Меѓународниот економски форум што се одржува во Санкт Петербург.

Од Кабинетот на вицепремиерот Николовски информираа дека тој одржал работни средби со ко-претседателот од руската страна на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно техничка соработка Алексеј Груздев и со заменикот-министерот за земјоделство на Руската Федерација, Сергеј Левин.

На средбата со Груздев е разговарано за зголемување на соработката во областа на туризмот и за унапредување на трговската размена. На состанокот била отворена и темата за зголемување на инвестициите во различни сектори меѓу кои како најзначајни биле потенцирани инвестициите во обновливите извори на енергија, управувањето со отпадот и пречистителните станици, како и инвестициите во производствени капацитети.

На средбата со заменик-министерот за земјоделство Левин разгледани се можностите за зацврстување и проширување на билатералната соработка во земјоделството. Двајцата соговорници ја потврдиле досегашната соработка и ја потенцирале потребата од продлабочување и зајакнување на соработката во земјоделскиот сектор преку организирање бизнис форум меѓу компании од двете земји, отворање откупни центри во повеќе региони и соработка помеѓу инспекциските служби за полесен извоз на македонски производи во Руската Федерација.

Во текот на денешниот ден, вицепремиерот Николовски ќе присуствува на панел дискусија на тема „Односите на Руската Федерација и ЕУ – одговор на предизвиците од денешницата“.

Економскиот форум во Санкт Петербург се одржува од 1997 година, а од 2006 година е под покровителство на претседателот на Руската Федерација. Во текот на последните 24 години, Форумот е водечка глобална платформа за членовите на деловната заедница да се состанат и да разговараат за клучните економски прашања со кои се соочува Русија, пазарите во развој и целиот свет. Годинашниот меѓународен економски форум се фокусира на глобалните и руските економии, социјалните теми и технолошкиот развој.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    157 shares
    Share 63 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ