• Latest

ССМ бара работа на определено само до една година и породилно отстуство од 12 месеци

June 3, 2021
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ССМ бара работа на определено само до една година и породилно отстуство од 12 месеци

June 3, 2021 16:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Договорите за работа на определено време да не траат подолго од една година, породилното отсуство да трае најмалку 12 месеци, Ковид-19 да се третира како професионално заболување и да се исплаќа цела плата, како и укинување на членот од законот кој овозможува работодавачот да ангажира работник да работи прекувремено три месеци, а за тоа да не му плати, се црвените линии од кои нема да отстапат од ССМ при донесувањето на новиот закон за работни односи.

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, на прес-конференцијата по состанокот со министерката Шахпаска, рече дека на работната средба разговарале за спорните прашања за кои со работодавачите не успеале да постигнат договор, но оти имаат поддршка од МТСП.

-Бараме договорите за работа на определено време да не траат подолго од една година бидејќи по овој основ за време на ковид-пандемијата изгубивме речиси 70 отсто од работните места, а со тоа оставивме голем број работници без основна егзистенција. По истекот на една година бараме Агенцијата за вработување по автоматизам да го трансформира односот од неопределено во определено време, рече Димовски.

Тој вели дека ќе настојуваат Ковид-19 да се третира како професионална болест, па и во приватните фирми тие што ќе одат во изолација или самоизолација да добиваат 100 отсто од платата, а не 70 како да се на боледување.

– Во фундаменталниот Закон за работни односи бараме и да се изостави членот 117, став 2, кој овозможува работодавачот да ангажира работник три месеци прекувремено, а за тој период да не му биде платено. Знаеме дека таму стои дека работодавачот може при зголемен обем на работа да ангажира работници, па сите го прават тоа, посебно во приватниот сектор и сметам дека ова е нефер член во законот и бараме негово укинување, вели Димовски.

Тој рече дека со министерката се усогласиле целосно по прашањето за недела неработен ден. Дневница зголемена за 100 проценти од основната и слободен ден ќе добиваат. Останатите работници од дејностите на кои поради спецификата или неопходноста за функционирање на државата ќе им биде дозволено да работат во недела ќе добиваат дневница зголемена за најмалку 50 проценти и слободен ден, но, таа може да биде и повисока ако тоа се утврди со колективен договор или друг закон освен Законот за работни односи. Договорено е и да се работи само во една смена од 10 до 18 часот.

На средбата било договорено и со колективен договор здравствените работници да можат да користат годишен одмор до 36 дена.

-Со МТСП сме на иста линија треба да седнеме со работодавачите и врз основа на тие факти да кажеме дека е тоа неопходно за да функционира ова општество бидејќи знаеме дека во време на Ковид-19 работниците ги изгубија работните места и сакаат да ја напуштат државата. Ние само преку фундаменталниот закон за работни односи и колективните договори може да ги заштитиме, рече тој и додаде оти се надева дека законот ќе биде донесен уште во текот на годинава.

Денешната средба, нагласи Димовски, беше од стратешки карактер додавајќи дека се на иста линија со Министерството за труд и социјална политика и оти со донесувањето на новиот закон за работни односи ќе се вратат многу работнички права кои биле изгубени изминатите години.

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска вели дека од првиот ден на нејзиниот мандат има јасна определба отворено да разговара за сите прашања  кои се од интерес на работниците.

-Законските решенија треба да обезбедат почитување на работничките права, затоа што, мотивиран работник е работник кој работи според јасно определени и дефинирани работни односи, на којшто му се почитуваат правата во делот на користење на годишен одмор, слободни денови, ден на неделен одмор, како и безбедност во работата, нагласи министерката Шахпаска.

Таа посочи дека работните групи составени од претставници на синдикатите, репрезентативни и не репрезентативни, како и од Организацијата на работодавачи, експерти од академската јавност, меѓународни експерти и  Меѓународната организација на трудот, работат на новиот системски Закон за работните односи. Притоа, таа истакна дека ова законско решение е во финална фаза и наскоро ќе биде отворена широка јавна дебата, со цел да се слушне мислењето на пошироката јавност.

-Особено е значајно владеењето на социјалниот дијалог во трипартитното тело, односно Економско социјалниот совет, каде што сите заедно отворено разговаравме за сите предизвици и како тие да се надминат, особено во периодот на пандемија. Тука ги креиравме пакетите економска помош за спас на економијата, зачувување на секое работно место, но истовремено и значајно внимание посветуваме на целосно почитување на работничките права, нагласи министерката Шахпаска.

Двете страни изразија задоволство од досегашната соработка и подготвеност за продолжување социјалниот дијалог кој ќе биде во насока на заштита, почитување и унапредување на работничките права.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ