Претставниците на ЦИВИЛ на 25 мај 2021 година, одржаа работен состанок (брифинг) со Исмаил Камбери, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, по што следеше и интервју.
Камбери го информира ЦИВИЛ за надлежностите, предизвиците и работата на новиот состав на Комисијата. Тој нагласи дека Комисијата ќе работи професионално и дека покрај расчистување на претставките кои се поднесени и кои (ќе) се поднесуваат за дискриминација, тие исто така ќе работат и на подигнување на јавната свест кај граѓаните за опасноста што ја носи континуираната дискриминација во нашето општество.
Резултатите од брифинзите со претставнички и претставници на Владата, локалната самоуправа, граѓанското општество и медиумите се дел од анализите и креирањето документи за политики и препораки на ЦИВИЛ. Интервјуто со Камбери ќе биде објавено во текот на оваа недела.