• Latest

Хелсиншки комитет: Намерите на градоначалникот Мерко се отворено дискриминаторски и противзаконски

June 7, 2021
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Хелсиншки комитет: Намерите на градоначалникот Мерко се отворено дискриминаторски и противзаконски

June 7, 2021 12:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро ја осудува скандалозната изјава на градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, со која се заканува и најавува депортација на луѓето кои питачат на подрачјето на општината. Во изјавата пренесена од медиумите, струшкиот градоначалник вели: „Зазедовме став, одредивме и простор каде ќе ги задржиме 24 часа. Секако, децата не смееме по закон, но родителите смееме и ќе ги депортираме од каде што дошле, за да го намалиме бројот на питачи во Струга“.

Ваквите закани и намери на градоначалникот Мерко се отворено дискриминаторски и противзаконски. Ниту еден градоначалник во Македонија нема никакви овластувања, ниту надлежност да задржува и да протерува граѓани. Питачењето се казнува прекршочно во согласност со Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, но градоначалникот нема право да депортира граѓани. Во оваа смисла, Кривичниот законик како кривично дело го предвидува противправното лишување од слобода во членот 140, за секој којшто друг противправно ќе затвори, ќе го држи затворен или на друг начин ќе му ја одземе или ограничи слободата на движење. Предвидената казна за ова дело е повисока, доколку го стори службено лице со злоупотреба на службената положба или овластување.

Дополнително, Кривичниот законик во член 417 предвидува дека секој што врз основа на расата, бојата на кожа, припадноста на маргинализирана група, етничката припадност и социјалното потекло или која било друга основа ги повредува основните човекови права и слободи признати од страна на меѓународната заедница, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

За жал, оваа загрижувачка изјава на Мерко е само дел од широко распространетиот брутален и нехуман однос кон сиромашните и маргинализираните заедници во нашата држава. Тие честопати се жртви на полициска бруталност и се приморани да живеат со сите последици кои ги носи профилирањето на кое се подложени од страна на институциите и целото општество. Токму системската дискриминација врз сиромашните и маргинализираните е причина за зголемување на нивната ранливост, за зацврстување на стереотипите и предрасудите кон нив, како и за нивна прекумерна криминализација. Питачењето, иако е негативна појава, е резултат на отфрленоста, бесперспективноста и сиромаштијата. Тука е коренот на проблемот и тој може да се реши само со реално и конкретно подобрување на социо-економските услови за живот на овие луѓе.

Истовремено, ги повикуваме социјалните служби и другите надлежни институции итно да реагираат и да го спречат манифестирањето сила врз луѓе од оваа ранлива категорија и да ги заштитат нивните човекови права, кои се загарантирани со Уставот и законите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ