• Latest

Фајнанс тинк: Негативната стапка на БДП е последица на третиот бран од пандемијата

June 7, 2021

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
Фото: Х

Коалицијата на меѓународни организации за слобода на медиумите бара од Фон дер Лајен да ги претстави барањата за слобода на медиумите пред српските власти

October 13, 2025
Фото: zbruc.eu

Револуцијата на гранит: Првиот украински Мајдан и неговите лекции по 35 години

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Фајнанс тинк: Негативната стапка на БДП е последица на третиот бран од пандемијата

June 7, 2021 15:46
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк  во најновиот макроекономски извештај оценува дека негативната стапка на БДП во првиот квартал од годинава е последица од третиот бран на пандемијата кој беше проследен со рестриктивни мерки.

–  Во првиот квартал од 2021, БДП се намали за -1,9 проценти на годишна основа како резултат на третиот бран од пандемијата со Ковид-19, кој наметна продолжување на карантините дома и кај главните трговски партнери. Во вакви околности, исцрпувањето на ефектите од две клучни владини мерки – субвенција за задржување на работните места „14.500 МКД по работник“ и еднократната парична помош за ранливите групи граѓани – ја задржа приватната потрошувачка нешто над нивото од К1-2020 (раст од 0,4 проценти). Додека, јавната потрошувачка ја започна консолидацијата по големата експанзија во претходните три квартали (во К1-2020 намалување од 2,2 проценти), се наведува во извештајот.

Инвестициите, како што се посочува, забележале остар пад од 16,6 проценти што било рефлексија на воздржаноста од преземање на позначајни потфати, но надворешната трговија покажала знаци на подобрување, односно раст на извозот од 8,6 проценти и на увозот од два процента.

На производната страна, најголем дел од дејностите се на исто или блиску до нивото од првиот квартал од 2020 година, освен преработувачката индустрија која бележи пад од 6,2 проценти.

Невработеноста бележи благо намалување на 16 проценти, а вработеноста благо зголемување од 46,8 на 47,1 процент што според „Finance Think“ упатува на стабилизирање на пазарот на труд.

– Нема понатамошна пасивизација на активното население која беше интензивна во вториот и третиот квартал од 2020, но нема ниту позначајни знаци на реактивирање, оценува „Finance Think“.

Во дејностите транспорт, хотелиерство и услуги со храна и други дејности изгубени се околу 9.500 работни места што , според „Finance Think“, се должи на третиот бран од пандемијата и рестриктивните мерки.

Во извештајот се оценува дека неизвесноста во економијата спласнува во вториот квартал од годинава со почетокот на процесот на масовна имунизација и постепеното намалување на рестриктивните мерки.

Од Фајнанс тинк наведуваат дека ако економските текови се нормализираат до разумен степен до почетокот на есента, проекцијата за растот на БДП би била 4,1 процент.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ