• Latest

Димитров на Националниот совет за европска интеграција: Ние сме веројатно најдобро подготвената земја за почеток на пристапните преговори

June 7, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров на Националниот совет за европска интеграција: Ние сме веројатно најдобро подготвената земја за почеток на пристапните преговори

June 7, 2021 16:55
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, како член на Националниот совет за европски интеграции (НСЕИ) при Собранието, денеска учествуваше на првата конститутивна седница на ова тело во новиот собраниски состав.

На седницата беше дискутирано за актуелниот статус на Северна Македонија од аспект на европската перспектива и текот на процесот за подготовка на државата за членство во Европската Унија.

Во тој контекст, Димитров ја истакна улогата на Националниот совет како директен учесник и важен чинител, посочувајќи дека Северна Македонија е во одлична позиција од аспект на усогласеност со правото на ЕУ, споредено дури и со земјите кандидатки кои што подолго време имаат отворено пристапни преговори.

Димитров се осврна на перспективите за европската интеграција на државата во пресрет на јунскиот Самит и обидите за надминување на пречките за усвојување на преговарачката рамка.

 „Северна Македонија ги исполни сите предуслови и според многу земји членки и претставници на ЕУ институциите во Брисел, сме веројатно најдобро подготвената земја која треба да ги започне пристапните преговори. Точката на која застанавме е усвојување на текстот на Преговарачката рамка од страна на земјите членки. Да нема дилеми, нашите позиции се темелат на кристално јасни принципи и во однос на меѓународното право и во однос на Лисабонскиот договор и други важни столбови во смисла на правните акти на Европската Унија, како што се актите во областа на човековите права посебно“, изјави Димитров.

Говорејќи отворено за можностите за пробив на европскиот пат, Димитров подвлече дека процесот на европеизација на Северна Македонија мора одлучно и посветено да продолжи со исполнување на реформската агенда, пред сѐ поради подобрување на животот на граѓаните. Во таа насока, Димитров пред членовите на НСЕИ ги претстави активностите во рамките на „Агенда: Европа дома“, плановите за усвојување на новата Национална програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА ‪2021-2025) со среднорочна перспектива прилагодена на структурата на новата методологија за пристапни преговори, ревизијата на владиниот преговарачки институционален механизам, како и статусот на постапката за усвојување на Регулативата за ИПА 3 како услов за почеток на реализацијата на Економскиот и инвестициски план и Зелената агенда на ЕК за Западниот Балкан.

„Многу е важно времето да го искористиме не во чекање туку во работа, бидејќи меѓу другото пристапниот процес е алатка за реформи. Таа не носи волшебни промени преку ноќ, меѓутоа со политичка волја особено ако преку ова тело се обединат напорите на власта и опозицијата од една страна, а од друга страна факторите од приватниот сектор, академијата, целото општество – можеме многу да направиме. Во овој општ напор мислам дека треба посебно внимание да обрнеме и на младите, за утре да бидат активен чинител во градењето на политиките на Унијата и нашите политики“, рече Димитров.

За крај, Димитров нагласи дека со отпочнувањето на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ допрва ќе има многу предизвици и процесот е многу комплексен, но НСЕИ треба да генерира синергија за надминување на разликите низ отворен дијалог, бидејќи токму европската агенда е обединувачка кауза и мисија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ