• Latest

Џундева, Махмут и Шабани на панелот на ЦИВИЛ: Европските вредности се достижна цел

June 8, 2021
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
Харкив, 28 септември 2026 (ДСНС)

Рускиот агресор цела ноќ и утрово ги напаѓа украинските региони: Харкив, Кијив и комуникациската инфраструктура повторно под напад [АЖУРИРАНО]

September 28, 2026
Илустрација генерирана со вештачка интелигенција.

Провизии, камати и изгубено време: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Џундева, Махмут и Шабани на панелот на ЦИВИЛ: Европските вредности се достижна цел

June 8, 2021 16:14
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?“, на кој учествуваа Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 и уредничка на емисијата „Европат“, активистот Тефик Махмут и Самет Шабани, Хоризон Цивитас. Панелот го модерираше Дехран Муратов, ЦИВИЛ.

Европските вредности многу често се поистоветуваат со политичкиот процес поврзан со интеграцијата во ЕУ. Се работи за нешто сосема друго. Европските вредности се почитување на правото, недискриминацијата, еднаквоста, почитување на различноста…

„Според она што го имаме во моментов како една слика е дека граѓаните сакаат да чекорат напред кон ЕУ но возот се движи бавно, не само во однос на политиките на ЕУ и аспирациите наши, туку и во однос на промените кои мора да почнат од самите нас“, истакна Лепа Џундева, новинарка во ТВ24 на панел дискусија на ЦИВИЛ на тема: „Европските вредности – реална перспектива или недостижна цел?

„Јоханес Хан при соопштувањето на европската комисија за земјата каза дека мора да се промени менталитетот на граѓаните, да се промени менталитетот на Балканот за да движите напред. Тоа се пораки кои можам да ги слушнам од познати аналитичари и политичари.

Секој министер мора да ја притиска владата дека некои реформи мора да се направат. Мора да почнеме од нас самите. Мора да се работи на реформи внатрешно во државата за во иднина да ги надминеме споровите кои ги имаме“, надополни Џундева.

Активистот Тефик Махмут на панел дискусија на ЦИВИЛ нагласи дека треба да се разликува меѓу европски вредности и европските принципи.

„Тоа што се гради ѕид меѓу една етничка група не е во согласност со правниот поредок во државата и европските вредности. За да бидеме дел од ЕУ треба да исполнуваме одредени услови, меѓу кои се почитување на правата на малцинствата. Се согласувам дека медиумите се едни од креаторите, тие што влијаат на креирање на јавното мислење, и дека веќе имаме нешто опипливо.

Имаме нешто прагматично, каде што веќе можеме да го оптимизираме и користиме како правец на некои реформи. Било да е во владиниот или во невладиниот сектор. Дали на локално или на национално ниво. Тука алудирам на  прогрес рапортите што ги имаме во Европската комисија, во коишто меѓу другото се збори за правична застапеност на малцинските групи во нашата држава. Се разбира, тука се Ромите, кои не се застапени во нашата држава во оваа политичка гарнитура, во повисоките ешалони на истата гарнитура“, смета Махмут.

Самет Шабани од Хоризон Цивитас смета дека граѓанското општество беше еден од главните столбови за промените во последните 7-8 години кога и почнаа првите чекори против тогашната власт, и од тука произлегува таа разлика и свесност и тоа што денес го нарекуваме европски вредности.

„И во европските земји на промена почнаа за почитување за веќе нарушеното достоинство. Граѓанското општество беше прв столб за стимулирање на една таква промена и со тоа играше позитивна улога во последните 7-8 години. Сега како тренд е евроинтеграцијата и тоа што европската интеграција ја сметаме на ниво на институционална интеграција, а главната улога треба да ја игра граѓанското општество.

Европската  интеграција не е само процес на институционално ниво само да бидеме интегрирани, но треба да бидеме на општествено ниво да сме интегрирани а после и институционално. ЕУ е резултат за борба за европските вредности“, додаде Шабани.

Џундева истакна дека земјата чека прва меѓувладина конференција, но прашање е колку сме подготвени во однос на таа прва меѓународна конференција, во однос на тимови, во однос на водење на преговорите, затоа што една работа е да се почне првата меѓународна конференција, меѓутоа преговорите имаат многу поголема и потешка задача и за институциите и за невладиниот сектор, воопшто и за сите.

„Факт е дека медиумите креираат слика на граѓаните, што ќе испрезентираме тоа се прима и тоа се гледа. Нашиот пат, барем патот на Северна Македонија и целта е Европска Унија и НАТО. Како институциите и невладиниот сектор се стремат кон тоа, треба и медиумите повеќе да се стремат кон ЕУ вредности, во однос на покажување на тоа што работи Европа во делот на реформите. Преокупирани сме со спорот со Бугарија кој не можеме да го тргнеме на страна. Тоа е она што е проблем, не само за институциите туку и за граѓаните за да се движиме напред.

Затоа кога медиумите се фокусираат на политичките случувања тоа не значи дека се прави дефокус или дека не се придава внимание на она што треба да биде важно. Во моментот кога официјално ке започнат преговорите, сите ке бидат вперени кон медиумите да видат што прават и што сработиле. тогаш ќе може по директно една паралела да се направи, како функционира едно законодавство да речеме на Франција или на Германија, и до каде сме ние на Балканот и што прави Македонија.

Јас се обидувам на некој начин да направам паралела, додека чекаме датум за конференција, верувам дека фокусот на сите медиуми ке биде повеке насочен кон тој момент откако ќе има нешто опипливо“, наласи Џундева.

Панелот е дел од проектот „Европски перспективи“ кој ЦИВИЛ го спроведува со поддршка од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија од 1 април оваа година.

Д.М.
Ирена Крџиќ
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ