• Latest

Чернева: Односите меѓу Софија и Скопје мора да се зајакнат

June 9, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за морбидната кампања на ВМРО-ДПМНЕ

September 17, 2025

Ново обвинение за Мерко за осветлувањето на коритото на Црн Дрим

September 17, 2025
Љубомир Костовски, фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ

Од локални избори до геополитички фронтови: Разговор со Љубомир Костовски

September 17, 2025
Алексеј Навални. Фото: Скриншот

Вдовицата на Алексеј Навални тврди дека лабораториските тестови докажуваат дека рускиот опозициски лидер бил отруен во затвор

September 17, 2025

Заврши „училишна кошничка“: По ученик е заштедено од 750 до 2.000 денари, тврди Ристески

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Чернева: Односите меѓу Софија и Скопје мора да се зајакнат

June 9, 2021 19:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Весела Чернева, заменик директор на влијателниот тинк-тенк Европски совет за надворешни односи, во однос на ветото на Бугарија кон Северна Македонија порачува дека со текот на времето, односите меѓу Софија и Скопје мора да се зајакнат, како и односите на двете толку блиски соседни земји.

Напредокот на Бугарија, според неа, е во проширување на стабилноста на Балканот.

-Бугарија мора да биде дел од голема зона на стабилност. Ова може да се направи само со механизми за европска интеграција, наведува Чернева во интервју за бугарското електронско издание Медиапул, јави дописникот на МИА од Софија.

Санкциите на Вашингтон според глобалниот закон „Магнитски“, како што вели, се директно предупредување од американскиот претседател Џо Бајден до алчните и несовесни лидери на Балканот дека корупцијата е клучно прашање што треба да се реши.

Чернева потенцира дека Европскиот парламент  веќе ја сфаќа Бугарија како една од најпроблематичните членки на ЕУ, заедно со Полска и Унгарија.

Според неа, од Европската комисија може да се очекуваат финансиски санкции. Имаше, наведува, градација во американската надворешна политика кон регионот. Се започна со говорот на Џо Бајден на Конференцијата за безбедност во Минхен, кога тој рече дека корупцијата е закана бидејќи нејзините мрежи помогнаа  за руското и меѓународното влијание во земјите на НАТО. Потоа следеше писмото од двајцата американски сенатори од демократските и републиканските партии. Тој го симболизираше американскиот консензус и испрати силен сигнал до Бугарија дека има голем проблем со корупцијата. Од гледна точка на надворешната политика, ова е јасен сигнал од Вашингтон дека корупцијата е многу сериозен безбедносен проблем, а земјите што сакаат да бидат во тесно партнерство со САД не можат да си дозволат да бидат со такви расипнички институции. Факт е дека обвинителството не постапило во сите овие сериозни случаи, вклучително и со вработените во Државната агенција за Бугари во странство на кои им се издадени лажни потврди за бугарско потекло, вели Чернева.

Според неа, објавата на американскиот претседател Џо Бајден во врска со земјите од Западен Балкан е многу поопшт, не содржи специфични имиња и компании – но предупредува таа,  веројатно ќе ја замагли алчноста и невниманието на некои балкански лидери. Пред неколку недели, потсетува Чернева, бевме сведоци на воведување санкции против поранешниот албански премиер Сали Бериша.

Чернева воедно оценува дека „во регионот на Балканот има многу водачи со сомнителна репутација, а на многу места корупцијата е сврзно ткиво на владата“. – Бугарија е членка на НАТО и ЕУ, така што тука САД можат да дејствуваат врз основа на партнерство. Во Бугарија, и покрај сè, институциите можат да издржат на овој вид надворешен шок. Во многу други балкански земји, ова не е сигурно. На пример, во сложени мултиетнички земји како Босна и Херцеговина или во земји каде што има многу силен антиамериканизам, како што е Србија. Балканот во моментов се карактеризира со три работи. Една од нив е недостаток на реформи. Второто е штетното мешање на надворешни фактори како Русија и Кина. Третото е огромниот одлив на луѓе – на Балканот, бидејќи има огромен демографски проблем во регионот. Сите три трендови се поврзани со корупцијата. Корупцијата е причина луѓето на Балканот не живеат добро и ги напуштаат своите земји. Значи, ова прашање ќе повеќе ќе треба да биде ставено во вниманието на европските влади, не само на американските, вели Чернева.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    228 shares
    Share 91 Tweet 57
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ