• Latest

Османи: Северна Македонија ги има исполнето условите, алармот е подигнат во секој главен град во ЕУ

June 10, 2021
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Северна Македонија ги има исполнето условите, алармот е подигнат во секој главен град во ЕУ

June 10, 2021 10:16
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е долгоочекуваната посета на премиерот во Париз каде што ќе имаме работна вечера со претседателот Макрон и мислам дека е навремена и многу важна посета. Јас потоа продолжувам една турнеја со посети бидејќи активностите се зголемуваат во текот на јуни, во пресрет на јунскиот Самит, животот се враќа во нормала после пандемијата, па сите самити и конференции се одржуваат со физичко присуство, изјави во Утрински брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи.

-Има зголемена активност и јас често велам дека во секој главен град во ЕУ чувствувам дека алармот е подигнат и кредибилитетот на процесот на проширување влегува во критична точка, посебно на случајот со Северна Македонија. Тоа им е јасно на сите, и секој се труди да даде свој придонес, односно чекор да го спаси тој кредибилитет, бидејќи многу е вложено во тој кредибилитет и токму тој е движечка сила во регионот, додава Османи за Слободен Печат.

Во текот на минатата година имаше едно чувство дека ова прашање ќе се реши со активност на германското претседателство, но сега во оваа половина на годината гледам ангажман од многу земји членки, од пријателите на проширувањето, кои сметаат дека ова е од витално значење не само за регионот туку и за самата ЕУ.

„Нашата порака е јасна – ние ги имаме исполнето условите, тоа го имаат констатирано сите објективни извештаи на релевантните тела и дека е конечно време Северна Македонија да ги почне преговорите, бидејќи кредибилитетот на самиот процес е под сериозен тест. Мислам дека Франција со последните пораки е сериозен поддржувач на овој процес, очигледно дека проблемот е со Бугарија и целата енергија и сите карти ги ставаме на јунскиот Самит. Но тука не сакам да ги кренам очекувањата на граѓаните. Тешко е нема јасен мандат во Бугарија, има разлики, но наше е да работиме. Ние имаме обврска, консензуална одлука на граѓаните кои сакаат ЕУ и наше е да направиме се што можеме за да ја оствариме таа нивна желба, но очигледно не зависи се од нас“, смета Османи.

„За жал на нашиот пат билатералните прашања беа пречка. Ние 16 години сме со кандидатски статус заради билатерални прашања. Во однос на критериумите земјите членки се стриктни и најголемите пријатели на државата во делот на владеењето на правото, реформите тие ќе бидат стриктни. Како што знаат Холанѓаните често да кажат – Стриктни, но фер и ние тоа го сакаме, сакаме засилен мониторинг кој ни помага тука да ги направиме реформите. Нас ни пречат прашања кои што немаат поврзаност со европскиот процес, инаку ако беше до исполнување на реформи, Копенхашките критериуми, политички, економски, и доколку не сме ги исполниле условите тоа е прашање на посветеност, со кое ќе се соочиме во текот на преговорите. Тоа што сметаме дека е нефер кон нашето досие е што прашања неповрзани со ЕУ нас ни се пречка веќе 16 години но нема алтернатива на тој пат. Но, интересот да следните генерации бидат во ЕУ е многу поголем од фрустрациите кои ги чувствува оваа генерација во текот на пристапувањето, истакна Османи.

Декретот на Бајден

„Декретот на претседателот Бајден е многу важен настан за самиот регион, да не претерам со квалификацијата историски, но јас би го одбележал тој ден, затоа што основната порака на таа наредба е нема враќање назад, одиме напред. Таму се спомнува Дејтон, се спомнува влегувањето на НАТО во Косово преку резолуцијата 1244, се спомнува Преспа, се спомнува Охридски рамковен договор. Значи се става црта на сегашната позиција на Балканот и можеме само напред во тој процес и тоа многу важно во канализирањето на енергијата, бидејќи очигледно почнаа ретроградни енергии, ревидирање на политики. Со ова се става брана на таквите ревизионистички пристапи, и фокусот на сите во регионот е напред и тоа многу важно“, смета Османи и додава дека изворот на проблемите во Балканот е што луѓето со едно око гледаат кон иднината, а со другото кон минатото и тоа ги збунува во движењето.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ