• Latest

Ангеловска-Бежоска: Зголемувањето на продуктивноста, вложувањето во човечкиот капитал, структурните реформи и дигитализацијата клучни за стабилен економски раст

June 12, 2021
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Зголемувањето на продуктивноста, вложувањето во човечкиот капитал, структурните реформи и дигитализацијата клучни за стабилен економски раст

June 12, 2021 11:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Со навестувањето на постпандемискиот период, време е да се размисли како непречено да се заменат општите економски политики со поспецифични, секторски политики што ќе ја олеснат оптималната прераспределба на ресурсите и посткризната трансформација на економиите, со цел да се зголеми потенцијалот за поголем економски раст“, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на Регионалниот собир на гувернери, што се одржа во хрватскиот град Ровињ.

„Со цел да се отстранат економските лузни од пандемијата, треба да се зајакне отпорноста на економиите и да се стимулира растот на продуктивноста. Притоа, треба да се продолжи и со решавањето на претпандемиските структурни прашања, но и да се биде во чекор со постпандемичните потреби што се појавуваат, особено во областа на дигитализацијата“, потенцира Ангеловска-Бежоска.

Во своето излагање, таа се осврна и на потребата од вложување во инфраструктурата, особено во информатичката инфраструктура, како основа на новата економија, со цел да се забрза дигиталната трансформација на економиите.

„Иако е очигледно дека трендот на дигитализација беше забрзан и зајакнат од здравствената криза, треба да се вложат поголеми напори за надградба на инфраструктурата, проширување на пристапот до информатичко-комуникациската технологија, промовирање ефективна и широко распространета транзиција на многу активности на дигитални платформи и затворање на дигиталниот јаз во економиите. Ова ќе ги зголеми придобивките во продуктивноста преку побрзо усвојување нови производи и процеси и ќе му овозможи на приватниот сектор непречено приспособување кон промените што ги носи здравствената криза“, истакна гувернерката на Народната банка.

Покрај тоа, како што посочи таа, со зголемувањето на „традиционалните“ инвестиции во транспортот, здравството и енергијата би се подобрила конкурентноста и би дошло до повеќе вработувања, со што земјите би станале поотпорни и одржливи.

„Квалитетот на работната сила е еден од клучните предуслови за подигнување на можностите за одржлив економски раст и затоа треба да се цели кон зголемување и трансформирање на човечкиот капитал во економијата, паралелно со дигиталната трансформација. Оттука, треба да им се посвети посебно внимание на заживувањето и трансформацијата на човечкиот капитал, преку пренасочување и зголемување на квалификациите за нови вештини, што треба да биде поддржано со зголемени инвестиции, особено во вештините за „новите постпандемиски работни места“ и со активни политики на пазарот на трудот, со што ќе се ублажат некои од структурните проблеми на пазарот на трудот“, додаде Ангеловска-Бежоска.

Во дискусијата, Ангеловска-Бежоска се осврна и на прашањата за инфлацијата, при што беше истакнато дека во целиот регион, во овој период, се забележуваат ценовни движења коишто се под влијае на растот на глобалните цени, при што е потребно постојано следење на состојбите, иако сепак се очекува нормализација веќе следната година, за кога се очекува пад на цената на примарните производи на светските пазари.

Ангелоска-Бежоска го искористи учеството на високите претставници на централните банки од регионот на овој клучен собир и за повеќе билатерални средби со своите колеги од другите централни банки, при што беа резимирани согледувањата од досегашното искуство со пандемијата и влогот на централните банки, а се разговараше и за натамошно продлабочување на соработката, како на реагионално, така и на билатерално ниво.

Како што информира Народната банка, на настанот учествуваа гувернери на централни банки од речиси сите земји од регионот.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ