ЦИВИЛ утре (среда, 16 јуни) организира јавен настан на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 11 часот.
Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со новоименуваната амбасадорка на Србија, Невена Јовановиќ во 10:00 часот.
Седница на собраниска Комисија за образование, наука и спорт во 11:00 часот.
Седници на собраниската Законодавно-правна комисија во 11:15 часот.
Во 12:00 часот Премиерот Зоран Заев и главниот и извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми, Сани Шенер, ќе се обратат на настан по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.
Министерот за надворешни работиБујар Османи ќе престојува во работна посета на Словачка по повод официјалното отворање на Амбасадата на Република Северна Македонија во главниот град Братислава.
Министерот за економија Крешник Бектеши во дводневна официјална посета на Украина.
Министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот на Европската Унија во државава Дејвид Гир ќе учествуваат на тркалезна маса на тема „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“ во 10:30 часот.
Во 10:00 часот фондацијата „Метаморфозис“ организира „Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата“, во рамки на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, кофинансиран од Европската Унија.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.