• Latest

Состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и ЕУ

June 29, 2021
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и ЕУ

June 29, 2021 16:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Северна Македонија и Европската унија денеска го одржа својот 18-ти состанок во виртуелен формат, на кој беше поздравена одлуката донесена едногласно од земјите-членки на ЕУ во март 2020 година за отворање на пристапните преговори со земјава.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во земјава, на состанокот, што го водеа државниот секретар за прашања поврзани со ЕУ, Калинка Габер и вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, беше истакната важноста на усвојувањето на Преговарачката рамка од страна на Советот и одржувањето на првата меѓу владина конференција што е можно поскоро.

– Комитетот за стабилизација и асоцијација направи преглед на постигнатиот напредок и ги повика сите политички партии и националните чинители заеднички да работат на одржување и зајакнување на политичкиот дијалог. Тоа охрабри континуирана имплементација на агендата поврзана со ЕУ, вклучително и во клучните области како што се судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, безбедносните служби, јавната администрација, на инклузивен и транспарентен начин, се наведува во соопштението.

Комитетот, исто така, ја нагласи улогата на Собранието во овој поглед како форум за конструктивен политички дијалог, посочувајќи дека адресирањето на преостанатите препораки на ОБСЕ / ОДИХР, на транспарентен и инклузивен начин, ќе биде исто така важно пред следните избори.

– Комитетот за стабилизација и асоцијација го поздрави усвојувањето на стратегиите за човечки ресурси за обвинители и судии, нагласувајќи ја потребата за нивно спроведување. Усвојувањето на Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси и напорите за зајакнување на капацитетите на Државната комисија за спречување на корупцијата беа нотирани. Комитетот за СА потсети на важноста да се осигура дека сите институции задолжени за борба против корупција да им бидат обезбедени потребните ресурси за извршување на нивниот мандат, се додава во соопштението.

На состанокот на Комитетот е направен преглед на состојбата во врска со политичките и економските критериуми, усогласувањето со законодавството на ЕУ, како и спроведувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација, при што се потенцирани тешките околности создадени од пандемијата со КОВИД-19 и напредокот што беше постигнат во текот на годината во унапредувањето на реформите на ЕУ, особено во основните области, препораките во извештајот на Комисијата за 2020 година и заклучоците на поткомитетите на СА, како и насоките дадени во контекст на Програмата за економски реформи.

– Во согласност со заклучоците на Советот на ЕУ во март 2020 година, делегациите потврдија дека добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација, се истакнува во соопштението на Делегацијата на ЕУ во земјава.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ