• Latest

Заев: Унапредувањето на регионалната соработка е неминовна за европеизацијата на Балканот

July 2, 2021

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025

Судот на БиХ ја отфрли жалбата на Додик: Дали ова е конечниот крај на неговата политика?

November 6, 2025
Пожар во руската рафинерија за нафта во Волгоград во текот на ноќта на 6 ноември. Фото: Ексиленова/Телеграм

Гори руската рафинерија во Волгоград, партизанската група „Слобода на Русија“саботираше десетици возови во напад врз логистичката инфраструктура, експлозии во рускиот центар за дронови во окупираниот Донецк

November 6, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Заев: Унапредувањето на регионалната соработка е неминовна за европеизацијата на Балканот

July 2, 2021 17:35
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Ми претставува исклучително задоволство да ги поздравам високите претставници на Стејт Департментот на САД, и наши пријатели, кои со своето учество дадоа дополнителни вредности на овој настан посветен на дијалогот и добрососедството, настан кој ја сетира сцената за посилен, стабилен и просперитетен регион. За Западен Балкан од исклучителна важност е најавата на претседателот Бајден за враќање на силното присуство на Соединетите Американски Држави на светската сцена со ангажирана дипломатија заснована на најскапоцените демократски вредности на оваа земја и наш стратешки партнер, изјави премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер.

Ова е добра прилика да ја изразам и нашата благодарност за постојаната, отворена и искрена поддршка на Америка за нашите аспирации колку што може поскоро да ги започнеме преговорите за членство со Европската Унија.

Отворањето на пристапните преговори за членство во ЕУ останува наш највисок стратешки приоритет, а ја користам оваа прилика уште еднаш да го потенцирам она што верувам е јасно и за Брисел, дека билатералните прашања немаат место на преговарачката маса, став за кој недвосмислено се согласивме со Помошникот Државен Секретар Филип Рикер.

Северна Македонија нема да отстапи од изнаоѓање заеднички прифатливо решение со Република Бугарија засновано врз европски вредности и стандарди. Посветени сме да работиме со добра волја на имплементација на Договорот за пријателство и добрососедство на сите области од заеднички интерес, вклучително и на Комисијата за историски прашања, но има некои прашања за кои не може да се преговара.

Брисел треба чесно да се соочи со ситуацијата во која е ставена стратешката определба за натамошно проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и да смогне сили да го објави тоа решение до Самитот ЕУ за Западен Балкан кој ќе се одржи оваа есен.

Ја имаме поддршката на САД во овој поглед и таа има огромна важност. Сега повеќе од кога било, едногласни сме дека унапредувањето на регионалната соработка е неминовна за европеизацијата на Балканот, а таа пак е таа е суштински дел од нашиот пат до членство во ЕУ.

Наш подеднакво важен долгорочен интерес е дополнително интензивирање на одличните билатерални политички, економски и културни односи со Соединетите Американски Држави. Нашиот Договор за стратешко партнерство од 2008 година е еден од фундаментите врз кој градиме уште поблиски врски во многу области.

Постои огромен потенцијал за инвестиции на американските компании во Северна Македонија. Тоа го потврдуваат дури десет американски компании кои вложија неколку стотици милиони долари во развој на свои капацитетите во ТИРЗ-овите во нашата земја.

Северна Македонија и САД, како блиски стратешки партнери и сојузници, заедно се фокусирани на заедничките заложби за безбедност, слобода и демократски просперитет, како и на заедничките активности во борбата против тероризмот и другите закани по мирот ширум светот.

Уште во првата година од членството во НАТО, Северна Македонија докажа дека е активна членка на Алијансата и ги дели заедничките вредности на сите сојузници. Потврдено ни е дека сме кредибилен сојузник со значителен удел во напорите на НАТО за мир и безбедност и во регионот и глобално.

Како најблизок пријател и соработник, Америка го помогна ублажувањето на последиците од пандемијата со донации за заштита на граѓаните и за зајакнување на капацитетите на нашето јавно здравство со долгорочни придобивки.

За крај, сакам да нагласам дека Северна Македонија и САД уште еднаш ја потврдуваат заедничката определба за уште поголемо сојузништво и соработка, со длабока почит и уважување за нашите заеднички интереси за просперитет на Северна Македонија и Западен Балкан, изјави Заев.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ