• Latest

Спировски: Бележиме вулгарности и закани кон новинари и активисти од граѓанскиот сектор на социјалните мрежи

July 7, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Спировски: Бележиме вулгарности и закани кон новинари и активисти од граѓанскиот сектор на социјалните мрежи

July 7, 2021 14:23
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Ќе се осврнам на сегментот, кога новинарите се предмет на кампања и пропаганда. Постојат многу примери во контекст на црната пропаганда кон новинари, ќе наведам неколку. Непримерната комуникација на една приватна клиника, со редакцијата и новинарите од ИРЛ, по повод една нивна сторија. Приватната клиника испратила реакција до редакцијата на ИРЛ, клеветејќи ги новинарите кои работеле на сторијата на многу дрзок начин. Ние како ЗНМ го осудивме тоа и го оценивме тој случај како недопиустлива реакција. Друг пример е тужбата на Кочо Анѓушев кон редакцијата на ИРЛ. Кој како форма на притисок кон новинарите се јавива влијателен и богат човек кој бил носител на висока државна функција“, истакна Милан Спировски од Здружение на медиуми на Македонија (ЗНМ), на дебатата на ЦИВИЛ „Црната пропаганда против граѓанските организации“.

„Со таквиот начин на комуникација тие навлегуваат во самиот кредибилитет на новинарите и се обидуваат да ги дискредитираат, а не да ја аргументираат критиката упатена кон нив.

Како ЗНМ соработуваме со регионалните здруженија на новинари од Западен Балкан и можам да кажам дека ние како држава не сме најлоши во овој контекст.“, вели Спировски.

Тој како актуелен негативен пример наведе ситуација со здружението од Независните новинари од Србија (НУС). Тие подолг временски период биле под притисоци и црни кампањи од страна на владејачката партија во Србија.

Спировски нагласи дека кај нас притисокот кон новинарите кои се занимаваат со истражувачко новинарство, е намален во однос на периодот пред 2016 година.

„Сакам да напоменам дека притисокот кон непрофитните медиуми кои се занимаваат со истражувачко новинарство, е намален во споредба со периодот од 2016 година кога новинарите и уредниците од овие медиуми во јавноста беа често дискредитирани на лична основа и кон нив се користеше говор на омраза поради критичките текстови кон тогашните власти и локалните моќници.

Сепак и понатаму има многу примери на закани кон новинари и активисти од граѓанскиот сектор на социјалните мрежи, за дел од нив поднесени се пријави до МВР, но досега во ниеден случај нема судска завршница.

Кај нас во изминатиов период ако се спореди со периодот од пред пет години, е подобрена во однос на црните пропаганди кон граѓанските организации, но сепак бележиме вулгарни напади од претставници на парламентот и од поголемите политички партии кон новинари или група на новинари.

Добро е што во денешно време има осуди од јавни личности на овие појави, но сепак за групите навреди на правата недостасуваат правни механизми за заштите и проактивност на институциите и пред сè на Основното јавно обвинитество“, потенцира Спировски.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ