Собранието ќе ги одржи 46. 45. и 41. седница во 11:00 /13:00 /13:15 часот.
Седница на Националниот совет за евроинтеграции во 9:30 часот.
Седница на собраниската Комисија за европски прашања во 9:30 часот.
Седница на собраниската Комисија за надворешна политика во 10:30 часот.
Седница на Законодавно-правна комисија, 11:00 часот.
Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска ќе изврши увид во градежните активности на новиот објект на детска градинка во село Јосифово, Валандовско.
Министерот за правда, Бојан Маричиќ, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска и заменичката директорка на програмата на Меѓународниот републикански институт за Македонија, Илина Мангова ќе присуствуваат на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“, во 11:00 часот.
Настан на граничниот премин Ќафасан во рамки на проектот на УСАИД „Зголемување на ефикасноста на заеднички гранични контроли на Граничен премин Ќафасан – Ќафа тане“, на кој ќе се обратат амбасадорката на САД во С Македонија Кејт Брнз, амбасадорката на САД во Албанија Јури Ким, заменик директорот на Царинската управа на С Македонија Муарем Асани, директорот на Генералниот директорат за царина на Албанија, Генти Гажели, во 12 часот.
Амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада, австрискиот амбасадор Георг Вуцас и деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, ќе присуствуваат на претставувањето на првата повратна вендинг машина (ПВМ) на „Пакомак“ што ќе биде поставена на територијата на Град Скопје.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување












