• Latest

Северна Македонија ги буди Исток и Запад (1)

July 19, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Северна Македонија ги буди Исток и Запад (1)

Во кои области и со кои алатки (ќе) се напаѓа Република Северна Македонија после бугарската блокада? Република Северна Македонија има механизми за заштита од сите внатрешни и надворешни предизвици, но „запчаниците на тие механизми“ не се доволно синхронизирани во работат и целиот систем се доведува во ризик да не функционира.

July 19, 2021 16:30
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Македонија нема, а и нема каде да бара алтернативи надвор од ЕУ и НАТО. Но поради кочницата која на нашиот пат кон ЕУ ја влече Бугарија, ќе се појават, и веќе се појавуваат мешетарите кои бараат „меко ткиво“ во нашата држава за да инсталираат свои опции кои се спротивни на интересите на нашите граѓани. Кои области и со кои алатки ќе бидат нападнати, специјално за ЦИВИЛ МЕДИА, пренесуваме сознанија, ставови и предупредувања на повеќе реномирани и релевантни домашни и меѓународни експерти, политичари и дипломати.

Во општата конфузија во која, не по своја вина, се најде Македонија во очекување на почеток на преговорите за членство во ЕУ, сериозните политичари и дипломати предупредуваат на опасност од појава на понуди за разни алтернативи надвор од  определбата на Република Северна Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Тие понуди, не само што се евидентни, туку се и агресивни и бескрупулозни. Разни домашни мешетари помогнати од внатре и од надвор, од странски агентури, експоненти на други големи сили, па и разни експерти и универзитетски професори, нудат готови решенија за „добробит на Македонија“ надвор од ЕУ и НАТО.

Бранко Црвенковски поранешен претседател на Македонија, зборувајќи на Форумот за Западен Балкан во Сараево, изјави:

„Што ако сме принудени, не по своја волја, да бараме алтернативи? Да не бидам погрешно разбран, јас не ги одбирам Истокот или Далечниот Исток како алтернатива.“

Бранко Црвенковски на Форумот за Западен Балкан во Сараево, 28 јуни 2021 година

Тој потсети на искуствата на нашата земја и рече дека барањата на Грција, Франција и последното на Бугарија, немаат никаква врска со пропишаните критериуми од Европската Комисија, потребни за започнување на преговорите. Земјата дури го смени и името, но процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ е практично запрен. Тој го постави прашањето кои се намерите на европските земји и посочи дека некои земји го блокираат пристапот на нови членки, објаснувајќи дека земјите од регионот треба „да се европеизираат со сопствени капацитети“.

ВОЈНА НА НЕРВИТЕ

Професор Ѓорѓи Тоновски од ФОН, за ЦИВИЛ МЕДИА изјави дека не се работи за моментална или континуирана констелација на односи, туку станува збор за континуирана акција, „војна на нервите“ која се одвива секојдневно во македонското општество и има за цел деструкција на достигнатиот степен на напредокот на РСМ кон Евроатлантските структури.

Проф. д-р Ѓорѓи Тоновски

Во таа „војна на нервите“ учествуваат бројни дипломатски служби, разузнавачки служби, организирани политички субјекти, одделни мисионери и медиуми, и слични во земјата, со опозитни ставови против европската македонска држава. Значи, целта е – или да се стопира членството веднаш или, пак, да се работи на тоа во еден подолг рок според логиката на „тивка вода брег рони“ да се кочат тие процеси.

Тие сметаат дека треба да се искористат сите прилики кои би можеле да бидат во полза на зацртаното во нивните стратегии – Северна Македонија да остане на ветрометината на, не секогаш предвидливите, историско-политички настани и во даден момент да успее стратегијата на другите кои не се на линијата на Евроатлантските интеграции. Без разлика на силината на спротивставување кон тие сили, тоа ќе се случува и натаму, такви удари врз ткивото на Северна Македонија ќе продолжат, некогаш со посилно, некогаш со послабо темпо, но секако ќе продолжат, бидејќи „за тоа се платени“.

Македонија во НАТО, заедничка прес конференција на премиерот на РСМ, Зоран Заев и ген. секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, окт. 2020

Меѓутоа, мора да се има пред вид еден факт, а тоа е дека таа војна сега не се води кон една мала новонастаната и нејака земја која постои таму некаде на Балканот, туку дека ваквите активности сега се насочени кон составен дел од НАТО алијансата. РСМ не е веќе сама на бурно отворено немирно море, туку е полноправен член на моќниот безбедносен сојуз кој ги опфаќа демократските земји на Западот.

На предизвиците и обидите да се внесат поинакви влијанија и импакти во македонската држава, сега се спротивставува целата структура на НАТО, а не Северна Македонија сама. Треба да се има на ум дека РСМ е дефинитивно 30-та полноправна членка на НАТО и со него ја дели својата судбина. Секакви обиди за враќање или извртување на историјата се одамна на агендата и во документите на функционирањето на НАТО кој се протега и на македонската територија, па, според тоа, тие „поинакви“ стратегии наликуваат на авантуристички тешко прифатливи моќни творби, вели професорот Тоновски.

ЕВРОСКЕПТИЦИЗАМ

Конфликтот со Бугарија го обесхрабри и најпроевропски настроениот дел од македонското население, и (ќе) ги отвори најмеките точки во кои државата може да биде ранлива за продор на опции и решенија кои се спротивни на интересите на граѓаните и не се во рамките на проевропската политика и политиката на земја членка на Алијансата која ја спроведува владата.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека без „чувство на итност“ околу ЕУ интеграциите спорот со Бугарија може да се претвори во нов „замрзнат конфликт“, слично како и тој со Грција. Но и да биде еден од најтешките удари врз про-ЕУ расположението во земјата.

Министерка за одбрана на РСМ, Радмила Шекеринска

„Прв пат има силно разочарување кај најпроевропските сили во Северна Македонија, луѓето во Северна Македонија секогаш оделе по тенка линија помеѓу депресија и оптимизам, доколку се одолговлекува решавањето на проблемот, сѐ потешко ќе биде да се промени статус-квото, како што покажа и спорот со Грција со децении. Тоа што се случува сега е најголем удар врз Преспанскиот договор откако е потпишан затоа што клучен елемент на Преспа беше дека неговата имплементација ќе ја следи интеграцијата во НАТО и ЕУ“, изјави Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

СЛОВЕНЕЧКА ПОЛКА И БАЛКАНСКО ОРО

Словенечкиот претседател Борут Пахор предупредува дека Проширувањето на Европската унија со Западен Балкан е геополитичко прашање од највисок приоритет бидејки забавувањето на проширувањето ја ослабнува довербата во ЕУ во овој регион, остава простор за национализам и за влијание на трети земји. Според него побрзото проширување со земјите од регионот е од витален интерес и на Унијата. „Би било најдобро ЕУ да ги вклучи сите земји од Балканот во својата стратегија на проширување.

Претседателот на Словенија, Борут Пахор

Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан сè повеќе станува временски критично прашање. Забавувањето на проширувањето ја ослабнува довербата во ЕУ во овој регион, остава простор за национализам и за влијание од трети земји. Затоа, одложувањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија не е разумно и политички и морално е погрешно, бидејќи со ова се поткопува авторитетот на ЕУ. Доколку ЕУ не се прошири со земјите од Западниот Балкан, нема да биде завршен европскиот проект за целосна Европа. Пахор укажува дека за овој процес се потребни и САД како партнер.

РАЗЛИЧНИТЕ ПОРАКИ НА ЈАНША

Меѓутоа, премиерот на Словенија, Јанез Јанша, земја која само што го презеде претседателството со ЕУ, за бугарското Национално радио изјави дека Словенија ја подржува и ја разбира бугарската позиција за ветото кон Македонија и дека „кога сме во едно семејство, прво доаѓаат  и приоритет имаат неговите интереси, а потоа интересите на другите. Бидејќи во овој случај Бугарија е земја членка на европското семејство и нејзините интереси треба да имат приоритет инаку ќе остане без заштита. Од тој аспект, потполно ја разбираме нејзинаата позиција“. Тој смета дека и за Бугарија е добро да прифати нација која зборува сличен јазик и има слична култура. Можеби е тоа спорна точка но треба да има стартешки поглед на работите инаку отвораме простор за други влијанија“ изјави Јанша.

Премиер на Словенија, Јанез Јанша

Во исто време, дома, на Брдо кај Крањ, за време на преземање на претседателството со ЕУ Јанша не зборуваше така. Тој побара побрзо темпо при проширување на ЕУ и рече дека: „Луѓето во земјите од Западниот Балкан заслужуваат европска иднина. Искуствата од изминатите години покажаа дека други земји го зголемуваат влијанието онаму каде што ЕУ тоа не го прави, додавајќи дека тоа може да доведе до проблеми со кои потоа ќе мора да се справува ЕУ. Владата на Словенија ќе направи се` за да се деблокира процесот во текот на нивното претседавање со ЕУ“?.

Зборувајќи на форумот „Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западен Балкан”, која се одржа во рамките на Преспа-форум, вршителот на должност помошник-државен секретар на САД за Европа Филип Рикер, меѓудругото, рече и дека со последните одлуки ЕУ го поткопала сопствениот кредибилитет во регионот. Билатералните прашања немаат место во преговарачката рамка со ЕУ и дека Северна Македонија е значаен придонесувач на глобалната безбедност. Но, последните одлуки го поткопуваат кредибилитетот на ЕУ. Тоа испраќа погрешен сигнал и зајакнува некои перцепции во Западниот Балкан дека ЕУ го напушта регионот.

МАКЕДОНИЈА КАКО КАЗАБЛАНКА ПРЕД ВТОРА СВЕТСКА ВОЈНА

Универзитетскиот професор Иван Бабановски за ЦИВИЛ МЕДИА изјави:

„Судбината на Балканот ја одредува неговата геостратегиска положба, како крстопат, речиси на сите сувоземни и водни патишта и тоа Запад-Исток, Север- Југ. Империјалните сили на овие простори од секогаш ги одмерувале своите воени-политички, економски, социјални, културни, но и континуирани шпионски дејства и активности, националистичките интриги, економските кризи и војни. И денес, Македонија личи на Казабланка во пресрет на Втората светска војна, се создаваат разузнавачки коалиции, се организираат во пулови кои им овозможуват полесно да дојдат до потребните информации, а потоа ги разменуваат, анализираат и откриваат слабите точки на Република Северна Македонија врз кои ќе дејствуваат во полза на своите интереси. Некогаш дејствуваат самостојно, поединечно, но некогаш и во соработка на ниво на пријателските служби, ако заедничкиот интерес им е да се успоруваат или потполно да се сопрат некои процеси во Република Северна Македонија. Таквите однесувања поврзани со често прекројување и менување на границите, креирање на политичка нестабилност довеле до втемелување на нов поим во политичко-географската и воено-безбедносна терминологија, пежоративно Западниот Балкан да се претставува како „урбана џунгла и владеење на правото на посилниот“.

Проф. д-р Иван Бабановски

Според проф. Бабановски, во ваква констелација не се работи само за Македонија како „меко ткиво“ врз кое дејствуваат, туку ја користат како „истражувачки центар“ за откривање на намерите, акциите, политиките и стратегиите на големите сили во овој регион и врз основа на тие анализи прават планови како едни на други да нанесат штета посматрано од аголот на сите инволвирани, врз основа на нивната идеологија и интереси. Земјите надвор од НАТО и ЕУ, како Русија и Кина, се обидуваат преку Македонија да им наштетат на ЕУ и НАТО, да ги кочат евроатланските аспирации на земјите од регионот и да се инсталираат што посилно политички и економски.

„Во таа стратегија, „меки ткива“ кои се користат за конспиративни напади се националистички партии и групи со кои воспоставуваат корисна симбиоза и делуваат против интересите на Македонија помагајќи ги често, не само со идеолошка матрица, туку и со финансиски средства. Моменталната ситуација и блокадата од страна на Бугарија на нашиот европски пат се погодно тло за отворена понуда на нови решенија надвор од ЕУ и НАТО. Земјите како Русија, Кина и на нив идеолошки блиските држави се обидуваат да ја искористат Македонија како алатка за подривање на ЕУ и НАТО и деструкција врз нивните политики во регионот, како и спречување на реализација на важни договори чиј гарант се, меѓу другите, ЕУ, НАТО и САД. Со тоа, тие имаат цел да го рушат, односно да го доведуваат во прашање интегритетот и довербата во институциите, посебно оние кои се борат против корупцијата и организираниот криминал“ – вели проф. Бабановски во разговорот за ЦИВИЛ МЕДИА.

(продолжува)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ